9 совети заради кои никогаш повеќе нема да настинете од студеното време
Имаме добри вести за сите оние кои често настинуваат во есен и зима кога надвор е премногу студено.
Ако ги практикувате овие 9 совети, драстично ќе ги намалите шансите некогаш да бидете болни во зима:
1. Прво добро исчистете го и исекнете го носот, пред да ставате капки
Капките ги задржуваат бактериите во носот и помагаат да се развиваат побрзо.
2. Гледајте да не дишете на уста додека сте надвор на улица
Поголема е шансата да ве боли грлото после тоа.
3. Никогаш не ги покривајте носот и устата со шалот
Ако ја покривате устата креирате влажна подлога за развивање на многу бактерии кои потоа остануваат и на шалот.
4. Кога ќе почне студеното време, бидете сигурни дека добро сте стоплени
Нема потреба да премрзнувате и да седите надвор, најдобро е да бидете загреани.
5. Не носете тесна облека и тесни чевли
Заради тесната облека, телото се лади побрзо, па и настинувате побрзо.
6. Пред излегување, никогаш не пијте жешки пијалаци
Топлите пијалаци всушност е добра подлога за брзо ширење на бактериите.
7. Не држете диета и не постете додека надвор е студено
Кога држите диети поголема е шансата да ви се намали имунитетот и да се разболите.
8. Ако ставате крема на лицето, почекајте најмалку 30 минути пред да излезете надвор
Влагата од кремите не само што го суши лицето, туку и може да предизвика настинка,
9. Никогаш не пијте алкохол надвор
Алкохолот надвор краткорочно ќе ве загрее, но така нема да бидете свесни дека премрзнувате и дефинитивно ќе настинете.
Н. Г. | Црнобело