Кога да спиете сами?
Делењето на креветот со друга личност може да ја намали моќта на вашиот мозок. Кога мажите поминуваат една вечер во кревет до друга...
... личност, неговиот сон е вознемирен, што доведува до слабеење на менталната способност во текот на наредниот ден.
За разлика од нив, жените не се соочуваат со ваков проблем. Другата личност во нивниот кревет исто така го вознемирува и нивниот сон, но нивните психички способности остануваат непроменети и во текот на наредниот ден.
Во истражувањето кое беше спроведено во Виена, учествуваа 8 невенчани парови. Тие поминаа 10 ноќи спиејќи заедно и потоа 10 ноќи одвоено. Следниот ден беа проверувани нивните ментални способности.
Недостатокот на сон предизвика намалување на продуктивноста кај мажите, односно тие на тестот покажаа послаби резултати. Жените не покажаа никакви промени и биле психички 'посвежи' од мажите.
Интересно е тоа што жените изјавиле дека подобро спијат кога се сами во кревет, иако тестот не покажал никакви психички разлики, додека речиси сите мажи изјавиле дека делењето на кревет не го нарушил нивниот сон и дека близината на партнерот само помогнал подобро да се заспие.