Зошто секогаш треба да чувате смрзнати лимони дома?
Што да направите кога животот ви нуди еден куп лимони? Едноставно, замрзнете ги.
На овој начин ќе ги имате при рака секогаш кога ќе ви бидат потребни.
Смрзнатите лимони можете да ги искористите за подготовка на торта, лимонада, да ги додадете во салати, риба или да ги искористите за декорација.
Освен што секогаш ќе ви бидат при рака за време на готвењето, тие имаат и многу здравствени придобивки.
Еве дел од нив кои ќе ве натераат и вие веднаш да почнете да замрзнувате лимони:
1. Кората на лимонот содржи 5 до 10 пати повеќе витамини од сокот од лимон
Речиси сите го цедиме лимонот и ја фрламе кората. Но, ако таа е замрзната, многу лесно можете да ја изрендате и да ја додадете врз вашите оброци, независно дали тоа е салата, супа, торта, паста...
На овој начин ќе внесете повеќе витамини и ќе го исчистите вашето тело од токсини.
2. Лесниот пристап значи повеќе користење
Веројатноста да користите нешто кое ви е постојано на дофат, е многу поголема, отколку ако треба да одите и да го купите. А, со сите здрави придобивки кои лимонот ги нуди, навистина треба да се потрудите да го вклучите што повеќе во исхраната.
Познато е дека лимоните се ефикасни против цисти, тумори и многу видови на канцер. Некои истражувања покажале дека лимоните може да имаат посилен ефект дури и од хемотерапијата.
3. Водата со лимон има подобар вкус
Само неколку парчиња лимон во водата која ја пиете можат да го подобрат нејзиниот вкус. Или, можете да исцедите лимон и да додадете неколку капки во чашата. Исто така може да го додадете во чај, смути, или пак, во маргарита.
М. С. | Црнобело