Што да правите пред спиење?
Постојат бројни фактори кои негативно влијаат на нашиот сон. Дали станува збор за алергии, несоница или преголем умор, следете ги овие мали совети и...
...спијте секоја ноќ како бебе.
1. Вечерајте во 21:00 часот. Правило е да јадете 2 часа пред да си легнете. На тој начин му давате доволно време на телото да ја свари храната и да биде подготвено за сон.
2. Во 22:00 часот подгответе си ја собата. Проветрете и средете ги расфрлените алишта. Експертите тврдат дека неуредна соба го подигнува хормонот на стресот што воедно оневозможува квалитетен сон.
3. 22:15 часот – напијте се пијалак богат со јаглехидрати кој ќе ви помогне за подобар сон.
4. 22:30 – во сонот температурата на телото се намалува за 1,5 степени. Туширањето со топла вода пред спиење го забрзува тој процес. Се отвораат порите и телото губи повеќе топлина. Скоро еднакво делуваат и дебелите чорапи.
5. 22.50 – Затемнете. Темнината го поттикнува лачењето на хормонот за спиење – мелантонин. Ако ја затемните вашата соба, позитивно ќе влијаете на овој процес.
6. 23:00 – Прво тоалет, па потоа кревет. Обавезно завршете ги сите физиолошки обврски пред да си легнете.
7. 23:30 – Истегнете се. Добрата позиција за спиење е пресудна. Рацете секогаш нека ви бидат подалеку од усните. Испружете ги. Оваа позиција не го блокира процесот на дишење.