Како честото гледање во мобилниот влијае на телото и мозокот?

Вистина е дека за нормално функционирање на организмот е потребна голема доза на светлина, но ако истата доаѓа од мобилниот телефон или било каков сличен уред, се постигнува спротивниот ефект.

kako-cestoto-gledanje-vo-mobilniot-vlijae-na-teloto-i-mozokot-001.jpg

Пример, ако навечер погледнете во телефонот, а на телото му треба мрак за да заспие, несвесно почнувате со лачење на мелатонин - хормон кој ви одмага во целта да заспиете повторно.

Важно е да знаете уште 5 работи кои секојдневно му ги правите на телото заради тоа што претерано долго и често гледате во екранот:

1. Насобирање на токсини

Гледањето во екранот ви ги нарушува природните циклуци, односно непотребно лачи одредени хормони како што веќе наведовме, случајот со мелатонинот. Тоа понатаму води кон полнење на организмот со токсини кои подоцна се претвораат во нервоза, незадоволство, главоболки и стрес.

kako-cestoto-gledanje-vo-mobilniot-vlijae-na-teloto-i-mozokot-1.jpg

2. Потешко учите

Колку помалку спиете, толку помалку информации можете да примите во текот на денот. Не е ни чудо што по паузата за да „ѕирнете што има на Фејсбук“ чувствувате повеќе замор, отколку одмор.

kako-cestoto-gledanje-vo-mobilniot-vlijae-na-teloto-i-mozokot-2.jpg

3. Заборавеност

Колку повеќе непотребни информации впивате, толку полесно ги заборавате неопходните. Како на пример, каде ли го оставивте шалот? (кој очигледно ви е околу врат)

kako-cestoto-gledanje-vo-mobilniot-vlijae-na-teloto-i-mozokot-3.jpg

4. Глад

Погрешното лачење на мелатонин ви пречи и во останатите нормални процеси. Пример, работата на стомакот. Кога вашето тело е изморено, а мозокот буден, логично е стомакот да добие сигнал дека е празен бидејќи ви е потребна енергија.

kako-cestoto-gledanje-vo-mobilniot-vlijae-na-teloto-i-mozokot-4.jpg

5. Заматен вид

За да го избегнете овој проблем, па и сите претходни, потребно е да го оставите мобилниот телефон подалеку од вас 2 часа пред да планирате да спиете.

kako-cestoto-gledanje-vo-mobilniot-vlijae-na-teloto-i-mozokot-5.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg