7 тајни на луѓето кои никогаш не се разболуваат

Сигурно познавате барем една личност која успева да остане здрава, дури и кога сите околу неа киваат, зборуваат на нос и се чувствуваат изморено од студените денови.

7-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat-3.jpg

Токму таквите среќници ви ги откриваат 7-те тајни кои очигледно им се доволни за да останат здрави во периодот на настинки и болести:

1. Се хранат здраво

Поточно, практикуваат медитеранска исхрана која се темели на белковини, свежо овошје и зеленчук и житарки од цели зрна.

2. Земаат витамински суплементи

Без оглед на тоа колку внимаваат на прехраната, некогаш заради квалитетот на намирниците, неопходно е да земате дополнителни суплементи.

7-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat-2.jpg

3. Спијат најмалку 7 часа секоја вечер

Ако спиете 5 до 6 часа во просек, имате 30% поголеми шанси за разболување, отколку ако спиете точно 7 часа секоја вечер.

4. Го контролираат стресот

Сите повремено сме изложени на стрес, но здравите луѓе знаат како да го контролираат.  Односно, не се плашат да си дадат време за задоволства, а да го скратат времето за обврски и задачи.

5. Често ги мијат рацете

Правило кое го учевме уште откако проодевме и почнавме се да допираме со раце, но сепак понекогаш го забораваме.

6. Редовно вежбаат

Редовното вежбање го подобрува имунитетот и ги намалува шансите за било какви инфекции, покажуваат многубројни истражувања, а со тоа се согласуваат и секогаш здравите лица.

7-tajni-na-lugjeto-koi-nikogas-ne-se-razboluvaat-1.jpg

7. Не патувајте со јавен превоз

Секогаш подобра опција е велосипедот или патувањето до работа или училиште во помали групи. Секако, ако имате можност.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg