Вежбајте според карактерот
Сите знаеме дека вежбањето е здраво, но и покрај тоа голем број луѓе не го практикуваат редовно. Оние кои почнуваат, брзо се откажуваат. Зошто?
Заради погрешен избор на вежбите. Експертите тврдат дека видот на вежби зависи од карактерот на луѓето. На некого му одговара трчање, некому повеќе му прилегаат тимските спортови.
Што ви одговара вам?
1. Ако сте доминантни или агресивни – вие не сте за тимски спортови. Станува збор за луѓе на кои најважна им е кариерата и склони се на преголеми натпревари.
Тие имаат авантуристички дух и сакаат необични активности. Експертите за нив препорачуваат соло спортови како што е трчањето, но најсоодветен избор е планинарењето затоа што вклучува еден вид натпревар со природата.
За луѓе со ваков карактер природата е единствен достоен соперник.
2. Уморни, пасивни луѓе – ова не се мрзливи луѓе, но брзо се откажуваат. Ним им се препорачуваат тимски спортови. Зошто? Тие можат да бидат мотивирани од другите.
Вежбите ќе им станат навика и составен дел од нивниот живот. Освен убавото тело ќе имаат и повеќе енергија.
3. Повлечени, срамежливи луѓе – најдобро се чувствуваат во друштво на луѓе кои ги познаваат затоа што се заштитени и сигурни.
Им се советува вежбање во теретана меѓу други луѓе за да ја победат срамежливоста. Вежбањето ќе им ја зголеми самодовербата и ќе остварат нови друштвени контакти.
4. Нарцисоидни луѓе – нив им е важно да бидат најдобри од сите па затоа одбираат спортови за изразено обликување на телото , натпреварување и добра забава.
Шетање, возење велосипед или ролери ќе им помогне да го привлечат вниманието кон себе.