10 чести здравствени проблеми и природни решенија за нив
Природните и домашни лекови можат да го ослободат телото од различни типови на болка и да направат да се чувствувате многу подобро.
Ако проблемот што го имате не е толку сериозен и нема потреба од консултација со професионалци, можете да се потпрете на природните лекови.
Погледнете ги овие алтернативи за безбедно и ефективно лечење на различни здравствени проблеми:
Болка во грбот
Терапија со топло-ладни облоги: Ставајте наизменично топли и ладни облоги околу 20 минути. За ладната терапија, може да употребите кеса со мраз, завиткана во крпа.
Масажа со алкохол: Посипете малку алкохол на грбот и со нежна масажа упивајте го во кожата.
При станување од кревет: Прво легнете на страна, потоа спуштајте ги полека нозете на подот, додека не дојдете во положба на седење. На тој начин нема да го изложите на притисок долниот дел од грбот.
Главоболка
Чај од ментол: Чајот од ментол делува многу релаксирачки, а тоа помага во ослободување на болката. Исто така, и чајот од камилица може да ја ублажи болката и непријатното чувство.
Ладни облоги: Легнете и ставајте ладни облоги околу 15 минути на болните места.
Лук и мед: Сомелете едно чешне лук и измешајте го со една лажица мед. Овој рецепт реактивира одредени делови во мозокот и прави болката да исчезне.
Затнат нос
Пареа: Сварете вода во поголем сад додека не почне да испушта пареа. Потоа, држете ја главата над садот, покријте се со крпа и вдишувајте ја пареата.
Мед и јаболков оцет: Измешајте чаша вода, 2 лажици јаболков оцет и 2 лажици мед. Оставете да постои 3 минути пред да го испиете.
Ловоров лист, жалфија и цимет: Ставете ги билките да отстојат во топла вода 5-10 минути. Прекрасниот мирис што ќе го испуштат е доволно силен за да ви помогне при одзатнувањето на носот.
Дерматит
Мајчина душичка: Ставете куп мајчина душичка во вода и оставете да зоврие. Кога ќе се излади, ставете ја билната инфузија на местата каде што ви е изиритирана кожата.
Чајно дрво: Посипете неколку капки масло од чајно дрво и нанесете на заразените места.
Овес: Потопете 500g овес со 1 литар вода и варете ги неколку минути со постојано мешање. Оставете да се олади, направете облога и ставете ја на заболеното место.
Мигрена
Лушпи од бананa: Посипете малку акохол на лушпата и ставете ја на лицето да стои 30 минути. Лушпата од банана ги апсорбира токсините и ја намалува главоболката природно.
Кофеин: Една шолја јако црно кафе без шеќер ќе ве ослободи од мигрената.
Топли и ладни облоги: Обидете се да се релаксирате во темна соба. Ставајте наизменично ладни и топли облоги на челото, околу 10 минути. На овој начин ќе ви се релаксираат мускулите на главата и ќе се подобри циркулацијата на крвта.
Запек
Варени јаболка: Консумирањето на јаболка без лушпа помага во варењето на храната.
Сок од портокал и киви: Со пиење на овој сок на празен стомак, ќе го стимулирате варењето и побрзо ќе го решите проблемот со запекот.
Овес: Органски овес помешан со вода и лимон, исто така може да ви помогне со овој проблем.
Болка во стомакот, тегоби и проблеми со варењето
Цимет, анaсон, ментол и босилек: Ставете по една лажица од сите состојки во ½ литар вода и варете 10 минути. Пијте по една шолја на половина час и ќе заборавите на непријатното чувство во стомакот.
Сок од лимон и сода бикарбона: Овој лек на природен начин ќе ви помогне да се ослободите од тегобите во стомакот. Измешајте една лажица сода бикарбона, малку сок од лимон и половина чаша вода. Пијте полека.
Чај од камилица: Камилицата помага во релаксирањето на стомачните мускули и ја намалува болката.
Кашлање, настинка и грип
Сируп од мед и лимон: Измешајте 2 шолји сок од лимон и 7 лажици мед. Варете ја смесата околу час и половина. Оставете да се излади и пијте по 2 лажици од сирупот на секој час во текот на првиот ден. Од вториот ден, пијте по 1 лажица на секои 3 часа.
Шолја топла супа: Кога имате грип, препорачливо е да пиете секој ден по една шолја топла супа. Тоа ќе ви помогне да ја намалите болката во грлото и да ги ублажите симптомите на грипот.
Сок од портокал: Секојдневното пиење сок од портокал со појадокот е одличен начин да се намалат шансите за настинка и грип.
Акни
Кора од портокал, овес и јогурт: Ставете кора од портокал во сад со вода и оставете да отстои 24 часа во фрижидер. Потоа, исечете ги на парчиња и вратете ги во садот. Додадете 3 лажици овес и 2 лажици јогурт.
Нанесете ја смесата на чисто лице и оставете ја 5 минути, а потоа исплакнете.
Мед и цимет: Направете домашна маска за лице од овие 2 состојки и нанесете ја на местата каде што имате акни.
Чај од лимон: Изрендајте кора од лимон, додадете вода и варете 3-5 минути. Пијте го чајот 2 пати на ден за детоксикација на кожата.
Опаѓање на косата
Лук, кромид и лимон: Нанесете свежо исцеден сок од лук и кромид директно на скалпот. По 20 минути исплакнете ја косата со сок од лимон за да се ослободите од непријатната миризба.
Морков и кокосово млеко: Измешајте морков и кокосово млеко и нанесете ја смесата на косата. Ова ќе направи косата да остане здрава и цврста.
Цвекло: Ставете неколку корени од цвекло да се варат околу 10 минути. Оладете ја водата и нанесете ја смесата на скалпот. Ова може да го повторувате 2-3 пати неделно.
М. М. | Црнобело