Храна која колку повеќе ја јадете, толку повеќе огладнувате

Сите очекуваме да сме најадени после оброкот кој количински и не беше така мал, меѓутоа сме зачудени од тоа што организмот ни бара уште храна.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-001.jpg

Не се чудете, бидејќи веројатно сте изеле некоја од следниве состојки.

Тие наместо да ве заситат, ве прават уште погладни, без оглед на количината која сте ја внеле:

Овошни каши и сокови

Сите каши и смутија кои се на течна база имаат малку протеини и влакна, заради што повторно сте гладни по 1 час. И покрај здравствените придобивки и витамини, инсулинскиот скок подоцна резултира со глад.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-1.jpg

„Здрави“ слатки со ниско ниво на шеќер и јаглехидрати

Овие слатки често се означени како здрави и многу луѓе се залетуваат по оваа ознака, без да знаат дека многу од нив содржат сукралоза, вештачки засладувач направен од шеќер. Истражувањата покажуваат дека токму овој засладувач го покачува нивото на шеќер во крвта и само ве прави погладни.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-2.jpg

Солени грицки

Солените грицки содржат многу хемикалии и многу сол. А, солта е позната по тоа што го зголемува апетитот.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-3.jpg

Вегански чоколатца

Тоа што ќе изедете чоколатце означено како здраво, веганско или со ниско ниво на шеќер не значи дека сте завршиле добра работа. Напротив, истражувањата велат дека неколку коцки црно чоколадо со високо ниво на какао му помага на варењето.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-4.jpg

Овесни плочки

Шеќерот кој го содржат, независно дали е од сируп, мед или чиста сахароза, ви го поткрева апетитот.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-5.jpg

Печива

Рафинираните јаглехидрати, кои ги има во печивата и кроасаните, исто така дополнително ве огладнуваат. Иако во моментот се чувствувате сити, очекувајте глад најмногу 1-2 часа по нивното консумирање.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-6.jpg

Сендвичи

Колку и да мислите дека сендвичот е пристоен оброк, реалноста е дека состојките во него често се лошо избалансирани, па затоа останувате гладни. Белиот леб содржи додаван сол и шеќер, а веќе знаете што предизвикуваат  тие - глад.

Исто така, комбинирањето на туна, пилешко или сирења и кашкавали, со малку салата, не ве остава сити долго време затоа што квалитетот на оброкот е низок.

hrana-koja-kolku-poveke-ja-jadete-tolku-poveke-ogladnuvate-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Вие прашувате, психолог одговара: „Страв ми е да летам со авион, мислам дека ќе добијам паничен напа... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg