Кажете „Здраво“ на алергиите!
Со пристигнувањето на топлото време на северната Земјина хемисфера, природата започна да се буди, а тоа најдобро го знаат оние кои патат од некои...
...видови алергии. Според најновите податоци од алергија пати 1/3 од светската популација, а истражувачите тоа го поврзуваат со стресниот начин на живот кој не прави преосетливи на дразбите од околината кои инаку не се штетни.
Оние кои се алергични потребно е да избегнуваат излегување во природа кога концентрацијата на полен е најголема, односно од 12 до 18 часот, особено во ветровити денови.
Покрај поленот од дрвата, тревите и коровот, денес постојат и други модерни алергени. Тоа е пред се храната, а како резултат на ослабен имунитет на организам под стрес.
Единствен лек во борбата против алергиите е зајакнување на имунитетот.
Едно од најдобрите решенија за тоа се медот и прополисот кои се извонредни стимулатори на имунолошки состав, но проблемот е во тоа што за жал најчесто спаѓаат меѓу алергените. Затоа и нивното користење е ограничено.
За зајакнување на имунитетот се користи и витаминот Ц кој спаѓа во стандардна превентивна терапија за алергиите.
Со него, се препорачува и користење на свежо овошје и зеленчук, течности, но и детоксикација на организмот барем два пати годишно, затоа што собраните токсини во телото имаат лошо влијание на имунитетот.
Ако патите од алергија предизвикана од поленот, не заборавајте на правилна хигиена на носот.
Најдобро е да го плакнете со физиолошки раствор, затоа што најголем дел од алергените се задржува во носните шуплини што предизвикува долготрајни алергиски реакции.