Прекумерната употреба на овие 11 козметички производи е опасна по вашето здравје

Сè што е претерано – не чини. Слично како со накитот и шминката, и за производите од препаративната и декоративната козметика гласи истото правило, помалку е повеќе.

Prekumernata-upotreba-na-ovie-11-kozmeticki-proizvodi-e-opasna-po-vasheto-zdravje-01.jpg

Но, понекогаш се забораваме со прскање дезодоранси, парфеми или шампони за суво миење на косата.

Честата и претерана употреба може да предизвика контра-ефект и негативни последици врз вашето здравје.

Еве ги производите на чија количина на нанесување треба да внимавате:

Лосиони за самопотемнување

Иако експерите тврдат дека се побезбедни од солариумот, сепак и лосионите кои ветуваат бронзен тен содржат бројни непредвидливи состојки.

Потемнувањето на кожата со овие лосион всушност претставува ензимска реакција на одредени состојки во кои доаѓаат во допир со кислорот.

Доколку безмилосно го нанесувате секој ден во огромни количини, има огромна можност да станете портокалов Умпа Лумпа. Да не зборуваме колку само ја суши и оштетува кожата.

Примарна база за шминка

Популарните „прајмери“ ветуваат изедначен блескав тен и долготрајно задржување на шминката.

Поголемиот дел кои се нудат на пазарот се на силиконска база, бидејќи силиконот се фиксира на површината на кожата. Тој навистина е ефикасен за измазнување на порите, но истовремено може да ги затне и да ги зароби потта и природните масла, а конечниот резултат е избивање на болни и непријатни акни.

Затоа ограничете ја употребата на базата само за специјални пригоди и темелно исчистете ја шминката по настанот.

Ретинол

Ретинолот е чиста форма на витаминот А и дерматолозите го препорачуваат како главен сојузник во борбата против стареење на кожата и брчки.

Сепак, пред употреба секогаш консултирајте се со кожен лекар, бидејќи ретинолот може да биде премногу јак, односно несоодветен за чувствителна кожа.

Тој може дополнително да ја истенчи и да ја направи уште почувствителна на сонце.

Количината се ограничува на 0.5g ретинол, со употреба еднаш до два пати неделно максиум.

Специјални четки за чистење на лицето

Обична или електрична, секој ги сака четките за лицето, бидејќи после пилингот се чувствувате препородени, а кожата е екстра чиста.

Но, овие четки не се наменети за секојдневна употреба. Иако имаат меки и фини влакна, истражувањата покажале дека со честа употреба и тие се прилично агресивни за деликатната кожа, предизвикувајќи црвенило, сува кожа, осип, акни, а во најекстремните случаи дури и егзема и псоријаза.

Ограничете ја употребата на четкање еднаш неделно и внимавајте на соодветното одржување и чистење, бидејќи ваквите четки може да бидат извор на многу нечистотии и бактерии.

Вазелин

Наспрема општото убедување, вазелинот колку и да е пријатен за кожата, не се апсорбира во истата. Тој создава бариера помеѓу површината на епидермисот и надворешните влијание и на некој начин ја „заробува“ влажноста, но истовремено го сопира дополнителното природно навлажнување на кожата како и допир со воздухот.

Честата употреба на вазелин може да предизвика негативен ефект и синдром на сува кожа која се лупи, наспрема хидрирана и негувана кожа.

Употребувајте го само во екстремни иритации за заштита, а за природно хидрирање подобро користете кокосово масло.

Маски за коса

Скоро сите маски кои се нудат ветуваат инстантно репарирање и хидрирање на оштетената косата. Со правилно нанесување, косата навистина делува поздрава и посјајна, но со нанесување повеќе од 2 пати неделно, косата станува млитава, без волумен, отежнато паѓа надолу и се мрси многу повеќе.

Медицински лабела

Одлични се за зимскиот период, особено кога усните пукаат од ладното време и се лупат. Користете ги само додека не заздрават усните, а потоа префрлете се на обично лабело со природни состојки кои само ќе ги одржуваат усните свежи и хидрирани.

Ако продолжите со медицинското лабело и покрај тоа што веќе заздравиле, усните стануваат на некој начин зависни од состојките и ќе останете заглавени со него долг временски период.

Мат кармини за усни

Се нанесуваат лесно, се сушат брзо, долготрајни се и пигментирани. Има ли причина да не ги сакаме мат кармините и сјаевите за усни?

Честата употреба ги суши усните и предизвикува пукање и лупење на кожата. Ограничете ја употребата на мат кармините и темелно отстранувајте ги со природно кокосово масло и нежен пилинг за усни.

Бланш за коса

Стапица во која паднала секоја жена барем еднаш во животот која ја фарба својата коса.

Ветува осветлување и добивање на нијансата од вашите соништа, но данокот кој го зема е пеплосана и уништена коса на која спасот ѝ се само ножиците.

Скалпот на главата е исто така осетлив на силните хемиските супстанци на бланшот.

Одбегнувајте го по секоја цена и наместо него пренасочете се кон природни серуми и масла за осветлување на косата.

Вештачки трепки за очи

Заводлив поглед и очиња над кои висат мали ролетни се сон (скоро) на секоја жена, но константното лепење на вештачки трепки ги уништува природните и не им дозволува да дишат и да растат. Користете ги само за специјални пригоди, во обичните денови потпрете се на моќта и ефектот на старата добра маскара.

Шампон за суво миење на косата

Ефектот е одличен, за само неколку секунди добивате волуменозна и навидум чиста коса, но прекумерната употреба ги затнува порите на скалпот, а напластувањето на сув шампон е кошмар за темелно одмивање и чистење на косата.

Скалпот поради затнатоста од сувиот прав не добива доволно кислорот, а фоликулите се затвораат и косата престанува да расте или расте многу бавно.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Пеленски осип: Како се третира и кога да го носите детето на лекар? Доколку забележите дека вашето бебе има пеленски осип, тогаш многу е важно да ја...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Кои третмани за коса треба да ги избегнувате ако страдате од мигрена, според доктор? Екстензиите за коса се еден од неколкуте третмани кои е најдобро да ги избегнува...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg