Храна која ќе ве направи отпорни на настинки

Веројатно сте ја слушнале изреката – Едно јаболко на ден и доктор не ви е потребен.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-01.jpg

Сепак, при драстична промена на температурата како што имаме деновиве, потребни ви се повеќе нутриенти кои ќе ви го зајакнат имунитетот.

Со цел да ги избегнете настинките, растечениот нос и посетата на лекари, ви препорачуваме 9 видови храна кои ќе се погрижат да останете витални и здрави во студената сезона:

Јогурт

Пробиотиците помагаат во одржување на здравата цревна флора и доволни се само 200 мл. дневно за чист дигестивен тракт, без ризикот од напад на вируси и штетни бактерии.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-02.jpg

Овес и јачмен

Содржат бета-глукан, најмоќниот имуностимулатор од природно потекло. Го зајакнуваат имунитетот, го забрзуваат процесот на зараснување на рани и помагаат антибиотиците да делуваат поделотворно, доколку веќе морате да ги пиете.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-03.jpg

Лук

Помага против инфекции и бактерии. Во истражување со 146 учесници на кои им биле дадени плацебо или екстракт од лук во период од 12 недели, 2/3 од оние кои земале лук не „закачиле“ настинка за разлика од останатите.

Оние пак кои јадат повеќе од 6 лукчиња неделно имаат 50% помали шанса за добивање рак на стомакот.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-04.jpg

Школки

Богати со селен, школките им помагаат на белите крвни клетки да произведуваат цитокини – вид на протеини кои му помагаат на телото да се исчисти од вирусните настинки.

Лососот, скушата и харингата се исто така богати со омега-3 масни киселини, кои имаат способност за намалување на воспалувањата и штитење на белите дробови од настинки и респираторни инфекции.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-05.jpg

Пилешка супа

Додадете малку кромид и лук во вашата пилешка супа за зголемување на имунитетот. Домашно зготвената супа го блокира движењето на воспалените бели клетки, бидејќи симптомите на настинка всушност доаѓаат како одговор на нивната акумулација во бронхиите.

Амино-киселината цистеин се ослободува од пилешкото во текот на готвењето, која хемиски наликува на лекот ацетилцистеин, кој при воспаление на дишните патишта ја смалува густината на секретот и го олеснува искашлувањето.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-06.jpg

Чај

Истражување покажало дека луѓето кои пиеле по 5 чаши црн чај дневно во текот на 2 недели, имале 10 пати поголема способност за блокирање на вирусите во крвта од останатите.

Амино-киселината одговорна за оваа реакција е Л-теанин, која ја има во изобилство во црниот и зелениот чај, како и во безкофеинските варијанти на овие чаеви.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-07.jpg

Говедско месо

Богато со цинк, говедското месо ќе ви ја обезбеди дневната доза од овој потребен минерал, кој е особено важен за создавање на многу хормони, меѓу кои и хормони кои му укажуваат на имунолошкиот систем како да се бори при напад на бактерии и вируси.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-08.jpg

Слатки компири

Кога зборуваме за имунитет, веројатно кожата како орган не ви паѓа на памет, но како најважен и најголем орган кој го покрива нашето тело, тој е во првата одбранбена линија при нападот на вируси и бактерии.

За да биде силна и здрава, на кожата ѝ е потребна доволна количина од витаминот А, а најдобар начин природно да го внесете овој нутриент во телото е преку храна која содржи бета-каротен, во случајов – во слатките компири кои изобилуваат со овие хранливи состојки.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-09.jpg

Печурки

Печурките го зголемуваат производството и активноста на белите крвни клетки, правејќи ги поагресивни.

Ова е одлично сценарио во моментите кога се борите со некаква инфекција.

30 гр. печурки дневно, со особен акцент на шитаке или реиши печурките се доволни за зајакнување на имунитетот.

9-vidovi-na-hrana-koi-ke-ve-napravat-otporni-na-nastinki-10.jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...
Положби на спиење кои помагаат при разни проблеми со здравјето Ако имате проблеми со дигестивниот систем, како киселини, најдобро е да спиете с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg