Под кој агол треба да гледате во телефонот, за да не чувствувате притисок во грбот?
Проблемот со неправилно држење на телото е болеста на 21-от век.
Постојано сме подгрбавени кога работиме на компјутер, а истата подгрбавеност ни создава притисок и кога гледаме во телефонот.
За да не си го расипете држењето и здравјето на ‘рбетот, важно е да го знаете правилниот агол под кој треба да гледате во екранот.
3 едноставни начини како да го намалите ризикот од подгрбавеност:
1. Гледајте во мобилниот без да го виткате вратот, туку само спуштете го нивото на очите. Подигнете го екранот погоре.
2. Периодично, бавно вртете ја главата од страна на страна, за да ги растегнете мускулите.
3. Кога го користите мобилниот повеќе од 10 минути, соберете ги плешките, а со брадата обидете се да го допрете вратот. Повторете ја вежбата повеќе пати и останете во таа позиција околу 10 секунди.
М. Д. | Црнобело