Зошто на мажите не смее да им недостасува витаминот Д?

Недостатокот на овој витамин може да ја згасне страста во спалната соба.

Zosto-na-mazite-ne-smee-da-im-nedostasuva-vitaminot-D-01.jpg

Податоците од најновите истражувања од Италија сугерираат дека ниското ниво на витаминот Д го зголемува ризикот од еректилна дисфункција.

Биле тестирани вкупно 143 мажи со различни степени на еректилна дисфункционалност, а резултатите покажале дека скоро половина од нив имаат недостаток на витамин Д, додека само еден од петмина имал оптимално количество од овој нутриент во организмот.

Оние со највисок степен на ерективна дисфункционалност имале 24% пониско ниво на витамин Д во организмот, за разлика од оние со послаба форма на нееректираност.

Отсуството на витаминот Д во организмот го поттикнува производството на супероксидни јони. Тие се одговорни за оштетување на азотниот оксид, молекула која им помага на крвните жили правилно да функционираат.

Азотниот оксид овозможува опуштање на крвните садови со што се зголемува протокот на крв низ телото, што пак директно влијае на нормалната ерекција.

Без потребната количина на азотен оксид, крвните садови не може правилно да се опуштат и да се испумпа онолку крв колку е потребно.

Zosto-na-mazite-ne-smee-da-im-nedostasuva-vitaminot-D-02.jpg

Затоа мажи, внимателно искористете го сонцето и акумулирајте повеќе од сончевиот витамин, внесете го во облик на додатен суплемент во исхраната или употребете храна и додатоци кои природно изобилуваат со витаминот Д, како риба, рибино масло и жолчка од јајце.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Симптоми кои укажуваат на недостиг на витамин Ц и како да се справите со овој проблем, според експер... Постојат 2 начини за зголемување на нивото на витамин Ц во крвта, но внимавајте ...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Зошто не треба да заспивате пред телевизор? Светлината во текот на ноќта го намалува нивото на мелатонин, што, пак, е поврза...
Кои се симптомите дека сте заразени со салмонела и кога треба да одите на лекар? Болките во стомакот проследени со дијареја и треска се најчестиот симптом за зар...
Работи кои го зголемуваат нивото на шеќерот во крвта, а не се храна Лошите навики кои скоро сите ги имаме може многу да влијаат врз зголеменото ниво...
Го регулираат крвниот притисок, помагаат при слабеење – Најздравите летни зеленчуци Поради своите состојки, доматите го регулираат холестеролот, добри се за имуните...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg