7 работи за кои мислите дека се здрави, а всушност не се
Секојдневно користиме голем број на производи за кои ни е кажано дека се здрави без воопшто да се запрашаме дали навистина е така.
Од сунѓерот за миење садови во кујната до производите за чистење во домаќинството, многу од работите кои ги користиме секојдневно може да имаат голем број несакани ефекти кои воопшто не ги знаете.
Големите компании имаат умешно смислени рекламни кампањи во кои ве убедуваат дека нивниот производ е неверојатно здрав за вас, но сепак не секогаш е така.
Токму затоа, оваа листа од 7 производи за кои сметате дека се здрави, а всушност и не се ќе ве замисли колку можете да им верувате на рекламите и производите кои ви се нудат на пазарот.
1. Антибактериски сапун и средство за дезинфекција на раце
Премногу честото користење на вакви средства секако дека ќе убие дел од бактериите на вашите раце, но и ќе предизвика намалување на вашиот имунитет и создавање отпорност кај многу бактерии кои сте сакале првично да ги убиете.
Исто така според едно истражување објавено во „Journal of Clinical Infectious Diseases“, една од главните состојки во антибактериските сапуни, триклосан, воопшто не заштитува подобро од габи, од кој било друг сапун, кој не се смета за антибактериски.
А, воопшто да не го споменуваме фактот што сите тие додадени хемикалии може да создадат дополнителни несакани ефекти - од сушење на кожата до нарушување на создавањето на хормоните.
2. Дезодоранси
Дезодорансот може ќе направи да мирисате убаво и да не се потите, но по која цена? Секако постои добра причина зошто се потиме, па запирањето на природниот процес може само да резултира со штети за нашето тело.
Голем број од дезодорансите содржат штетни супстанци како алуминиум, парабени, пропилен гликол кои му прават повеќе штета на телото отколку корист. Истражувањата покажале дека алуминиумот кој директно се апсорбира преку кожата, се задржува во нашето тело дури и 15 дена по неговото нанесување.
Навлегувајќи низ крвотокот, лесно стигнува до нашиот мозок, а голем број на истражувања ја поврзуваат Алцхајмеровата болест токму со овој метал во нашето тело.
3. Луфи
Ви текнува на тие меки сунѓерести топчиња кои секојдневно ги користите за бањање? Иако ви изгледаат многу корисни и забавни, вистината е дека можат многу повеќе да ви наштетат отколку да помогнат.
Бидејќи цело време стојат во бањата каде средината е топла и влажна, на нив слободно може да живеат и да се размножуваат огромен број бактерии и мувли. Уште полошо е ако имате некаква отворена рана и се бањате со луфа полна бактерии.
4. Блендер
Блендерот е одличен бидејќи со него можете да подготвите вкусна, здрава храна за само неколку минути. Сепак, ако не го чистите соодветно ова ваше кујнско помагало, голема е веројатноста да имате блендер полн со бактерии и мувла без да знаете.
Веројатно го миете блендерот со вода и средство за садови по секоја употреба, но ако не ја миете заптивката на блендерот (малиот гумен прстен по ножот кој помага тој да стои на своето место), тогаш правите голема грешка.
5. Овошен џус
Многу луѓе имаат погрешно мислење за овој производ, бидејќи големите компании трошат цело богатство на реклами кои ни кажуваат колку многу витамини содржат овие џусови и колку всушност тие се здрави за нас.
Вистината е дека и покрај тоа што тие содржат хранливи материи, содржат и огромна количина на шеќер, понекогаш повеќе и од таа која ја содржат газираните сокови.
Исто така, најголемиот дел од соковите кои ги купуваме од маркетите мора да поминат низ процес наречен пастеризација, што значи дека сокот се загрева на многу висока температура, при што се уништуваа голем дел од хранливите состојки и ензимите потребни за разложување на шеќерот во џусот.
6. Млеко
Постојат безброј истражувања кои покажуваат дека млекото може да му наштети на нашето тело на голем број начини и зошто не треба да го консумираме.
Во едно истражување објавено во „Journal of the American Medical Association Pediatrics“, харвардскиот педијатар Дејвид Лудвиг објаснува дека земјите кои консумираат помалку млеко имаат пониска стапка на скршеници на коски од земјите кои консумираат големи количини.
Истражувањата исто така покажуваат дека калциумот не ги штити коските онака како што претходно замислувавме. Всушност, витаминот Д покажува многу поголема ефективност во заштитата од остеопороза и други болести поврзани со коските.
7. Производи за чистење
За жал голем број од најпознатите и најрекламираните производи за чистење содржат голем број токсични состојки како: амонијак, метоксихлор, фосфор, натриум хидроксид, сулфурна киселина, калиум хидроксид, формалдехид, бензен и хлороформ.
Сите тие може да предизвикаат голем број негативни ефекти врз здравјето на луѓето. Голем дел од нив можете да ги направите и сами, па зошто непотребно да се изложувате на дополнителни опасности?
М. С. | Црнобело