8 видови храна кои содржат здрави масти

Мастите се всушност еден од многу важните елементи на исхраната, кои во никој случај не треба целосно да се избегнуваат.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-001.jpg

Секако, многумина од нас обидувајќи се да гo намалат вишокот килограми, го сведуваат внесот на масти на минимум, убедени дека токму мастите се тие кои го додаваат вишокот килограми.

Сепак, она што треба да се знае е дека постојат и здрави масти кои на вашето тело ќе му ја дадат потребната енергија без да предизвикаат несакани дополнителни проблеми.

Ова се 8 видови храна кои треба да бидат дел од вашата исхрана:

1. Ореви

Оревите се богати со алфа-линоленска киселина, посебен вид на омега-3 масти кои имаат значајна улога во заштитата на телото од срцеви заболувања.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-02_copy.jpeg

2. Маслинки

Маслиновото масло и маслинките се одличен начин за внесување монозаситени масти во вашата храна. Исто така, содржат стероли кои го намалуваат нивото на „лошиот“ ЛДЛ холестерол.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-03.jpeg

3. Авокадо

Авокадото е богато со фиброзни влакна кои ви помагаат да се чувствувате сито, а исто така содржи и калиум и витамин Ц.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-04.jpeg

4. Масло од канола

Маслото од канола е одличен избор за готвење, бидејќи ги намалува „лошиот“ ЛДЛ холестерол, а го зголемува „добриот“ ХДЛ холестерол. Исто така, има големо улога во превенцијата на срцеви заболувања.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-05.jpeg

5. Путер од кикирики

Незаситените масти во путерот од кикирики ќе направат да се чувствувате сито подолго време, бидејќи на организмот му е потребно подолго време за да ги разложи. Тој исто така е одличен извор на протеини кои ќе му ја дадат на телото потребната енергија.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-06.jpeg

6. Лосос

Лососот е богат со DHA и EPA – два вида на омега-3 масти кои ги намалуваат воспаленијата, ризикот од појава на рак на кожата и појавата на срцеви заболувања. Ако вкусот на лососот е премногу јак за вас, пастрмката, скушата и сардините се одлична замена.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-07.jpeg

7. Ленено семе

Алфа-линоленската киселина (ALA), покрај тоа што се поврзува со одржување на доброто здравје на срцето, исто така е корисна и во подобрувањето на крвниот притисок.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-08.jpeg

8. Бадеми

Бадемите се особено богати со монозаситени масти кои помагаат во регулирањето на нивото на холестерол. Тие се одлична замена за чипсот и другите нездрави грицки, секогаш кога ќе се почувствувате гладни меѓу оброците.

8-vidovi-hrana-koi-sodrzat-zdravi-masti-09.jpeg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Како да се храните поздраво, без да броите калории и да си забранувате намирници? Наместо да ја пржите храната, печете ја. Печените компири се многу поздрави од п...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Продукти кои се богати со калциум и ги зајакнуваат коските (а не се млечни) Гравот не е богат само со протеини и хранливи влакна, туку и со калциум. 100 гра...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg