Едноставен тест: Дали штитната жлезда ви работи нормално?
Докторот Броди Барнс кој бил далеку пред своето време, уште пред 50 години откри едноставен тест со кој можете да проверите дали сè е во ред со вашата штитна жлезда.
Како можете да го направите тоа?
Треба пред и после спиење да ја проверите вашата температура.
Ако не сте настинати, немате менструација и сè е во ред со вас, овие температури не треба многу да се разликуваат.
Утринската температура на телото, која инаку е позната и како „рана утринска базална температура“ открива како работи вашата штитна жлезда.
Ако е меѓу 36.5 и 36.8 степени, тогаш сè е во ред.
Ако е пониска, тогаш функцијата и работата на штитна жлезда е намалена.
Ако е повисока, тогаш се работи за зголемена работа на штитната жлезда.
Во двата случаи, треба да проверите дали постои хипо или хипер тироидизам.
Н. Г. | Црнобело