Колку години смее да ги носите очилата за сонце, без штетни последици?
Сончевите зраци со текот на времето го оштетуваат стаклото, па по неколку години очилата го немаат истиот ефект како првите денови кога сме ги купиле.
Ако нема соодветни УВ филтри окото е премногу изложено на сончевите зраци, заради што може да настанат оштетувања на видот.
Истражувањето спроведено во Бразил покажало дека гаранцијата на очилата за сонце би требало да трае максимум 2 години.
Што може да се случи ако очилата за сонце не овозможуваат доволно добра заштита?
Баш како и кожата, и очите реагираат на голема количина сончеви зраци. Ако претерано се изложувате на сонце без квалитетни очила, може да се појави катаракта.
Заклучок: Сите очила кои се постари од 2 години, време е да ги фрлите, без оглед на тоа колку ви се допаѓаат рамките.
М. Д. | Црнобело