4 работи кои вашата кожа се обидува да ви ги каже
Деталното разгледување на вашата кожа може да открие неколку важни работи за здравјето и состојбата на целиот организам.
Како најголем орган на телото, кожата ни служи како заштита, но и ни испраќа знаци за нашето здравје и нашите навики.
Следните 4 знаци се нешто на кое треба да внимавате и соодветно да ги третирате:
1. Сува кожа под очите
Тоа е знак дека не внесувате доволно вода во организмот. Дехидратацијата е причината зошто кожата на овој дел од телото станува премногу сува, затегната и груба.
Решението е многу едноставно: што почесто внесувајте вода и за кратко време ќе забележите разлика.
2. Масна кожа на челото
Ако кожата на челото одеднаш ви станала многу помасна од претходно, тоа е знак дека премногу ја чистите кожата. Иако звучи неверојатно, прекумерното чистење на кожата може да има и негативни ефекти.
Кај повеќето луѓе, чистењето на лицето повеќе од еднаш дневно може да предизвика штета и сушење на кожата, заради што таа создава поголема количина масти.
3. Акни околу усните
Појавата на акни околу устата најчесто е резултат на допирање на лицето со нечисти раце. Целиот долен дел на лицето е особено подложен на бактериски инфекции. Размислете за ова следниот пат кога ќе ја потпрете брадата на дланките, а неколку минути претходно сте го фаќале паричникот или нешто друго што е нечисто.
4. Премногу груби образи
Грубите образи се знак дека веројатно сте биле изложени подолго време на нечист воздух. Нечистиот, градски воздух може да предизвика промени на кожата, посебно во делот на и околу образите.
Заштитете го лицето од влијанието на смогот, така што ќе нанесете серум под кремата со заштитен фактор и никако не заборавајте навечер темелно да го исчистите лицето.
М. С. | Црнобело