Што е подобро – ласерска корекција или леќи?

Носите леќи, размислувате дали да направите ласерска корекција на диоптрија, но не сте сигурни дали тоа е правилна одлука? Дали да продолжите да користите леќи или да се ослободите од диоптријата? Еве кои се предностите на ласерската корекција на диоптрија.

sto-e-podobro-laserska-korekcija-ili-lekji-1_copy.jpg

Луѓето кои носат леќи имаат поголеми предиспозиции да добијат инфекција, а причина за тоа е спиењето со леќи, како и нивното прекумерно носење. Исто така, со прекумереното носење на леќи, окото не ја добива потребната количина на кислород, а тоа може да доведе до трајно оштетување на видот, па дури и можно слепило. Но, не е само тоа негативната компонента кога станува збор за леќите. Трошокот кој на годишно ниво се прави заради нив достигнува и до 200 евра. За разлика од ласерската корекција на диоптрија, која е еднократна инвестиција бидејќи се прави еднаш во животот!

Леќите пречат во секојдневните обврски. Постојано се грижите за нивната хигиена, кога патувате морате да мислите како ќе ги спакувате нив и растворот за вода. Колку пати ви се случило да ја изгубите или да ви се скине леќата?  Вистинско мачење! По ласерската корекција на диоптрија проблемите ќе исчезнат и ваша единствена преокупација ќе ви изборот на очила за сонце.

Во летните месеци, доколку се бањате во базен, имајте во предвид дека хлорираната вода има поголема количина на сол, така што може дa ги исуши леќите, поради што ќе чувствувате непријатност и сувост.  Пливањето во езеро или море со леќи, исто така, го зголемува ризикот од инфекции, бидејќи бактериите се лепат за самата леќа која се наоѓа во окото.

Од друга страна пак, на сите оние кои веќе ја направиле интервенцијата познато им е убавото чувство кога се будите наутро и гледате јасно колку е часот. Едноставно, квалитетот на живот се подобрува. Замислете колку време би заштедиле во денот да не мора да ги ставате леќите. Стравот да не ви падне леќата веќе нема да постои, а најбитната причина зошто ласерската корекција на диоптрија е во предност пред леќите е дека ќе можете да гледате секогаш и секаде, без очни помагала.

Систина Офталмологија ја изведува оваа интервенција во соработка со најголемата Универзитетска очна клиника „Свјетлост“ од Загреб која е прва клиника во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 18 години и до сега оперирала преку 50.000 очи. Побрзајте и искористете го специјалниот летен попуст на ласерската корекција на диоптрија за само 450 евра до око! Повеќе информации на телефонските броеви: 02/3097-000 или 070/351-008.

sto-e-podobro-laserska-korekcija-ili-lekji-2_copy.jpg

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Голема кашлица: Колку е опасна за деца и возрасни и како да се заштитите? Таканаречената голема кашлица е респираторна инфекција која најчесто се јавува к...
8 намирници кои се богати со магнезиум Една шолја варен спанаќ содржи околу 157 милиграми магнезиум, а иста количина ва...
Работи кои НЕ треба да ги правите ако се будите среде ноќ (за да заспиете полесно) Не го допирајте телефонот и не гледајте колку е часот. Што да НЕ правите ако чес...
Зошто ви се појавуваат афти и како да ја намалите болката? Стресот, но и цитрусното овошје можат да бидат причина за појава на афти. Иако о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg