12 корисни работи кои ви се случуваат кога чувате куче
Кучињата се најверен пријател на човекот и aко некогаш сте поседувале куче или едноставно сте се дружеле со кучињата од вашето маало, тогаш знаете дека ова е точно.
Тие се среќни мали суштества кои се полни со љубов и радост и можат да направат дури и најлошиот ден да биде малку подобар со нивниот ентузијазам и бескрајна љубов. И иако не се совршени, бидејќи мочкаат по теписите и ви ги јадат чевлите и чорапите, сепак не можете долго да им се лутите.
А, освен што ве прават радосни и по малку депресивни, поседувањето куче има и други здравствени бенефиции:
1. Ги намалуваат алергиите
Истражувањата покажуваат дека децата кои растат со животни кои имаат крзно се под помал ризик да имаат алергии или астма, бидејќи уште на рана возраст се изложени на животински првут и крзно.
2. Го намалува крвниот притисок
Галење на куче по долг ден има моќ да ве смири, но тоа може и да го намали крвниот притисок и да го одржува таков. Едно истражување во кое учествувале 240 брачни двојки покажува дека оние кои се сопственици на миленик имаат понизок притисок и пулс за разлика од оние кои не поседуваат ниедно милениче. Друго истражување покажало дека луѓето со хипертензија почувствувале намалување на крвниот притисок веднаш по галење куче.
3. Ја намалува анксиозноста
Кучињата имаат смирувачко дејство во нашиот живот. За оние кои имаат проблеми со анксиозност, кучињата може да ги смират и да ги одржуваат во реалноста – што ним им е најпотребно.
Поминување време со миленик е корисно бидејќи го намалува нивото на кортизол – хормон кој се поврзува со стресот. Плус, кучињата им даваат причина да се фокусираат на нешто позитивно освен на нивните грижи.
4. Кучињата поттикнуваат физичка активност
Кучињата имаат потреба од прошетки – во зависност од нивната големина, возраст и раса ним може да им е потребна прилично голема физичка активност. А, тоа значи дека и вие ќе бидете физички активни. Без разлика дали тоа ќе биде прошетка низ маалото, трчање во парк или фрлање топче и вие и вашето куче сте физички активни.
5. Помагаат при борба со депресија
Честопати, на луѓето кои се справуваат со депресија им се советува да земат куче. Освен нивната смирувачка природа, кучињата обезбедуваат безусловна љубов и приврзаност, што го подобрува расположението на човекот. Нивните потреби, како шетање, хранење и одржување исто така им помага на оние кои страдаат од депресија, бидејќи им даваат смисла и мотивација за живот.
6. Поседувањето куче ги зацврстува коските и зглобовите
Пешачење или трчање со вашето куче значи дека вие ќе бидете во форма и ќе ја одржувате вашата тежина. Тоа е одличен начин да ги зацврстите коските и зглобовите така што во иднина тие ќе станат помалку кршливи. Ова е особено важно за луѓе кои имаат ризик од остеопороза.