12 корисни работи кои ви се случуваат кога чувате куче
7. Го подобруваат здравјето на срцето
Со тоа што ќе вежбате и го намалувате нивото на стрес и крвниот притисок, тоа значи дека ќе имате и подобро кардиоваскуларно здравје. Луѓето кои имале срцеви удари имаат поголеми шанси да живеат подолго ако поседуваат куче – особено мажите кои имаат ниски триглицериди и ниско ниво на холестерол.
8. Го зајакнуваат имунитетот
Да бидеме искрени: кучињата знаат да бидат одвратни – тие сакаат да гризаат предмети, да се валкаат и да се пикаат ама апсолутно секаде. И додека миењето раце и редовниот туш се во ред, изложеноста на малку бактерии и нечистотија е добро за вас бидејќи го поттикнува иминутетниот систем и ве штити од поголеми нечистотии. Ова е особено добро за малите дечиња бидејќи нивниот имунитет сѐ уште се развива.
9. Целокупно го подобруваат здравјето
Грижата за кученце значи грижа и за себеси. Кучињата кои пијат лекови може да ви помогнат да се потсетите дека и вие треба да се напиете лек и тоа да го правите редовно. Посетата на ветеринарот може да ве потсети дека време е и вие да одите на доктор.
10. Можности за социјализација
Само замислете колку пати некој ќе ве праша дали може да го погали вашето куче и така ќе започнете разговор. Кучињата се одлична можност за започнување разговор во јавност и тоа ќе ве спои со луѓе кои вообичаено не би ги забележале. Социјалната интеракција има свои здравствени придобивки, а вашето куче е одличен начин да го скршите мразот.
11. Кучињата може да бидат доктори
Добро, не буквално, но кучињата добиваат сличен тип на рак како и луѓето. А, проучувањето на ракот кај домашните миленици довело до подобро разбирање и лекување на рак кај луѓето. Исто така, некои лаборатории се трудат на тренираат кучиња кои ќе можат да го намирисаат ракот и да ги препознаат раните фази на ракот само со помош на нивниот нос.
12. Го подобруваат сонот
Многу луѓе не можат да замислат да заспијат без нивниот миленик да биде во близина. Едноставниот акт на блискост е утеха за многу луѓе. И плус, во зима, нема ништо потопло од прегратката со вашето куче. Некои луѓе не преферираат нивните кучиња да спијат во истиот кревет, но сепак сакаат тоа да биде во близина т.е. во истата соба. Но, во секој случај, за многу луѓе кучињата значат безбедност.
С. С. | Црнобело