Дување во палец, чешање на ушите - чудни медицински техники кои може да ви го подобрат здравјето

Човечкиот организам е таинствен, а понекогаш и прилично чуден систем. Некои проблеми можат сосема ненадејно да настанат, а можат исто така брзо и да исчезнат.

duvanje-vo-palec-ceshanje-na-ushite-cudni-medicinski-praktitki-koi-mozat-da-pomognat-01.jpeg

А, некои трикови за контрола над организмот, едноставно навистина зачудуваат и изненадуваат...

Еве неколку од нив:

1. Болка во грло

Врелиот чај секако дека ќе биде од корист, како и промивање со солена вода, но постои уште еден помалку познат начин како да се ослободите од болката во грлото, потребно е само да си ги почешате ушите. Отоларинголозите тврдат дека чешањето на ушите ги стимулира нервните завршетоци на ушната школка преку создавање на спазам во мускулите на грлото.

2. За смирување на нервите

Ако чувствувате како вашите „нерви да се при крај“, за потполно да се смирите потребно е само да се промиете со студена вода. Таа ќе ве натера за кратко време да го задржите здивот и ќе ви ги „олади“ нервните рецептори. Исто дејство има и пиењето на студена вода.

3. Страв од инјекции

На некои луѓе едноставно им е тешко кога треба да добијат инјекција. Следен пат, пред да добиете инјекција од медицинската сестра, силно накашлајте се, тоа ќе ви помогне за краток момент да ви се оттргне вниманието со болната процедура.

4. Затнат нос

Со јазикот стиснете го горното непце, а со прстите делот кој се наоѓа над веѓите. По 20 секунди ќе се чувствувате многу подобро.

5. Спречување на белези од изгоретини

Ако се изгоревте, не брзајте по кеса со мраз - едноставно, малку притиснете го изгореното место со прстите. На тој начин температурата на тој дел од телото ќе се врати во нормала на природен начин.

6. Забоболка

Овој трик е корисен за оние кои имаат чувствителни заби. Ставете кеса со мраз на рацете, а потоа поместете ја во задлабочувањето меѓу палецот и показалецот. Таму поминуваат нервни завршетоци кои минуваат и низ лицето, па ќе испратат сигнал болката да се смири.

7. Нервоза

Чувствувате нервоза и благо отчукување на срцето? Звучи чудно, но ќе ве смири и врати во нормала - треба да дувате во сопствениот палец. Палецот е одговорен за таканаречениот нерв вагус кој е буквално врска меѓу телото и умот и за нашите „чувства во стомакот“.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...
Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Како да го одвикнете детето од грицкање нокти? Помогнете му на вашето дете да разбере дека грицкањето нокти е навика која треба...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg