Митови за мускулите
Се ближи сезоната на активно вежбање и враќање во форма по зимскиот сон. Кој трча, кој вози велосипед, сепак најчест избор е фитнесот и теретаната.
За секој случај еде два мита за мускулите кои ќе ви се најдат доколку вежбате.
Никогаш не треба да ги вежбате мускулите кои ве болат
Пред да ја прескокнете вежбата проценете колкава е болката. Ако мускулот боли на допир и ви го ограничува движењето, во тој случај најдобро е да одморите еден ден.
Кај помалите болки “активниот одмор“ вклучува лесни аеробик активности и истегнување, дури и полесни вежби можат да ја намалат болката.
Ако не ве боли мускулот на допир – слободно можете да одите во теретана и да се сконцентрирате на помалку напорните вежби.
Истегнувањето спречува повреди
Можеби ако сте уметнички лизгач. Постојат преку 350 истражувања кои покажале дека загревањето на мускулите не помага во превенција на повредите.
Истегнувањето ја зголемува флексибилноста, но повеќето повреди настануваат со нормални движења.