5 најдобри и најлоши пијалаци за вашите заби
Ако забите ви се почувствителни или едноставно сакате да имате бела насмевка, одредени пијалаци можат да ви помогнат, додека пак други да наштетат на здравјето на вашите заби.
Кои пијалаци можат да ви помогнат, а кои да ви наштетат?
Најдобри пијалаци:
1. Млеко – богато со калциум и витамин Д, ги одржува забите здрави и бели.
2. Вотка – ако веќе сакате да нарачате алкохолен пијалак во кафуле, најдобро е да одберете проѕирен пијалак кој не остава дамки на забите.
3. Зелени и билни чаеви – не само што ќе ја задоволите потребата за кофеин, туку и забите ќе ви останат бели.
4. Минерална вода – поради големата количина на минерали, не штети на забите.
5. Обична вода – таа секогаш се покажува како најдобар избор кој ве држи хидрирани и здрави.
Најлоши пијалаци:
1. Газирани пијалаци – ја оштетуваат забната глеѓ и оставаат темни дамки на забите.
2. Кафе и црн чај – колку е потемен пијалакот, толку повеќе остава дамки на забите.
3. Црно вино – кратко кажано, црни заби.
4. Овошни сокови – овошната киселина во комбинација со високата концентрација на шеќери ја оштетува глеѓта.
5. Флаширана вода – никогаш не е подобра од обичната вода.
Н. Г. | Црнобело