5 прашања поврзани со сончањето на кои сите сакаме одговор

Здравиот тен е она што многумина го сакаат, но некои луѓе колку и да се трудат завршуваат со исипување или горење на кожата.

5-prasanja-povrzani-so-soncanjeto-na-koi-site-sakame-odgovor-01

Иако, се тешиме дека така се добива боја и дека тоа не може да се избегне, постојат начини како да дојдете до посакуваниот тен кој не ѝ штети на кожата. Кожата е нашиот најголем орган кој е изложен на секакви услови, а тоа го прави да биде навистина непредвидлив.

Како да ја одберете совршената крема за сончање и кој заштитен фактор е создаден за вас на почетокот од летото до крајот – ова се само некои од важите нешта кои мора да ги знаеме ако сакаме здраво да се сончаме.

Овие неколку прашања најмногу нѐ мачат во текот на летните месеци и се особено од помош за сите оние кои го сакаат сонцето, но се плашат од неговите последици:

`1. Кои се главните причини за појава на алергија од сонце?

Црвеното исипување кое се појавува во пределот на градниот кош, рацете, стомакот или на нежната кожа на препоните, зад колената е последица од алергијата на сонце т.е.UVA зрачење на сонцето од кое патат многу луѓе со посветол тен, а во последно време неретко и оние со темен. Се работи за реакција на имунолошкиот состав врз оксидативниот стрес од UVA зрачењето (полиморфна светлосна ерупција) или за кожна реакција на козметика под влијание на  UVA зрачењето.

Многу луѓе се чудат на фактот како по многу кратка изложеност на сонце т.е. на UVA зраци се појавил широк распон на симптоми меѓу кои се: црвенило, мачнина и јадеж.

Решение: Модерните производи за заштита имаат соодветна UVA заштита која ќе го намали ризикот од алергија на сонце, а не содржат мирис и конзерванси, за дополнително да се намали можноста да се појави иритација предизвикана од UV зрачење.

2. Како да одберете совршен заштитен фактор за себе и дали треба да се намали нивото на заштита откако ќе потемните?

Многумина избегнуваат крема со заштитен фактор под 20 мислејќи дека така може да изгорат. Но, при избирање на заштитен фактор мора во обзир да се земе типот на кожа, локацијата, годишното време, но и периодот на седење на сонце. Изборот зависи од времето кое кожата може да го помине без заштита додека е изложена на сонце, а водејќи се од веќе наведени параметри тоа просечно изнесува 5 до 30 минути.

Факторот за заштита од сонцето го назначува степенот на заштита од сончевите изгореници. Како се зголемува SPF, така количината на UV зрачењето кое предизвикува горење на кожата и кое допира до кожата се намалува.

Решение: Времето кое може да го поминете на сонцето без заштита помножете го со факторот на заштита и ќе го добиете времето кое може да го поминете на сонце со производ за заштита, без здобивање на изгореници.

А што кога кожата ќе потемни?

 Залудно се чудите ако изгорите, а веќе сте потемнеле. И тогаш е потребна континуирана заштита што одговара на вашиот тен и на вашето време поминато изложено на сонце. Додека нашата кожа е способна сама да се заштити од сонцето со тоа што потемнува, природниот SPF еквивалент кој се развива е прилично низок во споредба со производите за заштита од сонце. Поточно, тој изнесува помалку од 6. Од почетокот на сончањето и особено кога кожата е веќе потемнета, се препорачува нанесување крем која не само што заштитува туку има улога и да ја одржува влажноста на кожата.

3. Дали повисокиот заштитен фактор го намалува потемнувањето?

„Со висок фактор изгледа никогаш нема да изгорам, а имам само 10 дена годишен одмор!“ – реченица која често ја слушаме и не сме сигурни дали комплетно да веруваме во неа. Вистината е дека бојата на изглед се добива побавно со поголем фактор отколку со низок, но високиот фактор подобро заштитува, добро и постепено се темнее – а со тоа и помалку штетно и потрајно е темнеењето.

Решение: Постојат заштитни масла и креми кои можат да заштитат, но и да поттикнат природен процес на темнеење.

4. Колку често треба да нанесуваме крем со заштитен фактор иако на нив пишува дека се работи за целодневна заштита?

Општо се советува производите повторно да се нанесуваат барем на секои 2 часа за да се задржи нивото на заштита од сонцето. Редовното нанесување во текот на денот ќе помогне да се одржи кожата заштитена, особено по пливање и бришење со крпа – што го намалува степенот на заштита затоа што слојот кој штити од сонцето може делумно да биде отстранет.

5. Дали постои разлика помеѓу крема со висок заштитен фактор за деца и за возрасни?

Во лето, децата се оние кои се најмногу изложени на сонце и сакаат долго да се капат – што предизвикува значително намалување на заштитата од UV зрачење, а и заштитниот фактор лесно се отстранува од кожата. Затоа, децата задолжително треба да бидат под сенка и скриени од силното сонце за време од 11 – 17 h.

Разликата помеѓу крема со висок фактор за деца и за возрасни се наоѓа во водоотпорноста на кремот за деца и овозможува оптимална заштита дури и за подолго капење и пливање. Сепак, најдобро е повторно да нанесете крем за заштита веднаш по секое капење.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги заштитите малите деца од сонце и кога да почнете да користите крем со фактор? Откако вашето бебе ќе наполни 6 месеци, време е да воведете крем со фактор. Ова ...
Колку крем за сончање треба да нанесете за да спречите изгореници, според дерматолог? Ставате ли доволно крем за сончање? Колку крем треба да нанесете и кога, според ...
Рамни стапала кај деца: Што ги предизвикува и кога е време да побарате помош? Важно е да запаметете дека детето никогаш не треба да носи чевли што ги носело д...
Констипација кај деца – совети и трикови како во домашни услови да им помогнете Погрижете се вашето дете да пие доволно количина вода во текот на дено...
Зголемен број на случаи со „слатка краста“ во Хрватска - Дали е опасна и како да се заштитите? „Најмногу ги погодува децата, а ако вашето дете добие ваква инфекција, не би тре...
Анемија кај децата: Како да ја препознаете и на што да внимавате? Анемијата не е нешто невообичаено, особено кај децата. Но, важно е да обрнете по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg