Имате ли кошмари?
Ноќта често се поистоветува со страв. Кога станува збор за ноќни мори или кошмари, се мисли на медицинска состојба – пореметено спиење...
...поради кое може да се разбудиме испотени или со врескање.
Тие настануваат околу 90 минути откако ќе заспиеме. Најчесто се случува кај деца од 3-12 години. Предизвикуваат стрес и недостиг на сон.
Кај повозрасните најчесто се предизвикани од емотивни фактори. За кошмари придонесуваат стресот, алкохолот, психичка злоупотреба и депресија.
Во текот на ноќните мори вие не реагирате и сте дезориентирани па затоа е тешко и да се разбудите. Може и да продолжите со спиење без да се сетите на сонот.
Епизодите најчесто траат по неколку минути до половина час. Важно е да се освестите на време и да се смирите без да се потресувате дополнително.