Како да престанете да бидете уморни и одново да започнете да живеете?
Постојано се чувствувате како да сте преморени? Немате енергија ниту мотивација да одите на работа или да правите нешто со животот? Некои ќе ви кажат да посегнете по шолја кафе или коцка чоколадо, но на крајот сè уште сте преморени...
Постојат низа совети кои сме ги слушнале и изгледаат прилично едноставни за практикување, но само теоретски, реалноста е сосема поинаква.
На крајот од денот без разлика на тоа што правите, повторно сте преморени, но не и сами. Милиони луѓе се чувствуваат буквално исто како вас. Ние сме генерација на преморени луѓе, но не и проколнати.
Постојат неколку работи кои треба да ги имате на ум за да можете да си ја вратите енергијата назад.
Денес имаме сè
Модерниот човек има сè: компјутер, интернет и неограничени количини на информации. Автомобил за да пристигне побрзо на работа. Членска книшка во теретана и лента за трчање дома. Споруг/а, деца, дом, викендичка. Имаме сè.
Знаеме сè
Знаеме дека утринските вежби се најважни, како да го направиме посреќен партнерот... Како да си ги воспитуваме децата. Ова се едноставни и мали совети кои ни се добро познати, нели?
Но, не правиме ништо
Веројатно не можете да го негирате ова. Колку пати досега сте решиле да започнете да станувате порано рано наутро, да се туширате, да вежбате и да јадете здрав оброк пред да заминете на работа? Но, колку долго ви трае овој начин на живот? 2 до 5 дена?
Ни недостасува енергија
Факт е дека ни недостасува енергија, но таа не можеме едноставно да си ја вратиме како што е случајот со гасот кој го полниме во нашите автомобили за истите повторно да функционираат.
Треба да имате на ум дека постојат 4 типови на енергија:
1. Физичка енергија
Можеби имате надворешни мотиватори кои ќе ве натераат да станете рано наутро и да работите, но што кога не сте доволно наспани? Кога имате ужасна главоболка? Токму од физичкото здравје произлегува физичката енергија која можете да си ја вратите само ако вежбате редовно, спиете не помалку од 7 часа дневно и се исхранувате здраво.
2. Емоционална енергија
Дури и да сте во добра физичка состојба, подеднакво важна е и вашата емоционална енергија. Добро знаете кога сте гневни далеку потешко ви оди работата, не можете да се концентрирате... и обратно, кога сте позитивно расположени полесно наоѓате мотивација да работите.
3. Интелектуална енергија
Тука влегува вашата креативност, доброто организирање на времето, планирањето и способноста добро да се сконцентрирате. Ако ви недостасува интелектуална енергија, ќе ви биде потешко и да работите. Обидете се да читате книги, да слушате музика, да цртате, да медитирате...
4. Спиритуална енергија
Кое е значењето на животот? Зошто работите? Каде ве водат моменталните одлуки? Некои луѓе воопшто не размислуваат на овие прашања, а токму тогаш максимално ја исцрпуваат својата спиритуална енергија.
Пулсот на животот
Ова е еден од клучните концепти за успешно организирање на енергијата, посебно за работа. Морате да бидете наизменични, односно, треба да балансирате меѓу работата и слободното време.
Секогаш обидете се да најдете време за и за едното и другото:
- Во текот на еден ден (Пробајте ја техниката „Pomodoro“ каде после секои 25 минути работа, ќе направите пауза од 2 до 3 минути)
- Во текот на 24 часа (секогаш обидете се да најдете време за дремка по работниот ден)
- Во текот на една недела (потполно уживајте во викендот)
- Во текот на една година (секогаш гледајте да заминете на било каков одмор)
Што е следно?
Секогаш имајте на ум дека вие сте суштество со бесконечни можности, знаете дека ви недостасува енергија и знаете точно како да си ја вратите.
Без двоумење, не се откажувајте!
Н. Г. | Црнобело