Што си правите секојпат кога ќе ги прекрстите нозете?

Некои од нас штом седнат, веднаш ги прекрстуваат нозете, а најчесто тоа е автоматска реакција која не ја забележуваме.

sto-si-pravite-sekojpat-koga-ke-gi-prekrstite-nozete-1.jpg

Нема сомнеж дека се работи за елегантна и секси позиција, барем кај жените, но што му правите на телото во тие моменти кога сакате да изгледате поженствено?

1. Тоа што сте во една иста положба подолго време може да доведе до состојба која се нарекува парализа на перонеалниот нерв.

2. Во 2010-та година, различни истражувања покажаа дека ако подолго седите со прекрстени нозе, крвниот притисок се зголемува. Дури и ако немате никакви проблеми со притисокот, избегнувајте ја оваа положба ако сакате да останете здрави и да ги спречите можните проблеми со циркулација.

3. Оваа положба може да доведе до нерамнотежа на карлицата. Долготрајното прекрстување на нозете на крајот ги прави внатрешните мускули на бутовите пократки, а надворешните мускули подолги. Со тоа го зголемувате ризикот зглобовите да се поместат од своето лежиште.

4. Навиката за седење со прекрстени нозе ги зголемува шансите за развој на пајакови вени. Иако најзначаен фактор за воспаление и проширување на вените е претежно генетската наследност, честото прекрстување на нозете го отежнува протокот на крв, што го има истиот краен ефект - набабрени вени.

5. Истражувањата покажуваат дека седењето со прекрстени нозе подолго од 3 часа дневно може да доведе до подгрбавено држење, болки во долниот дел од грбот и вратот.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Природни лекови за воспалени мускули + зошто се јавува болка по вежбање? Не постои волшебен лек што веднаш ќе ја намали болката во мускулите по вежбање, ...
Што треба да знаете за бактеријата мораксела – Честа е кај децата, предизвикува инфекции Бактеријата мораксела сè повеќе се идентификува како честа причина за инфекција ...
Вие прашувате, психолог одговара: „Имам 25 години и уште сум немала секс, како да му кажам на дечкот... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Митови за дебелеење во менопауза во кои не треба да верувате (и како да ослабите) Дебелеењето во менопауза е честа појава кај жените, најчесто предизвикано од хор...
Зошто ви се јавува остра болка од страната на стомакот кога вежбате (и како да ја спречите)? Постојат неколку теории за појавата на оваа болка – од мала физичка кондиција, д...
Вие прашувате, психолог одговара: „Моите родители се во поодминати години – се плашам за нивната смр... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg