Како да се ослободите од дамките и хиперпигментацијата на лицето?
Хиперпигментацијата претставува нарушување на работата на организмот заради што доаѓа до зголемено лачење на меланин, што на кожата и дава темна пигментација.
Ваквото нарушување главно се поврзува со прекумерно изложување на сонце, одредени болести, стареење, бременост или повреди, при што во многу случаи тоа може да доведе до појава на пигментни дамки на кожата.
Ваквите дамки најчесто се појавуваат на рацете и лицето, а со помош на овој едноставен лек истите ќе станат минато.
Сè што ви е потребно е 1 лажичка куркума во прав и 1 лажичка сок од лимон.
Измешајте ги добро овие две состојки и нанесете ја смесата на проблематичните места.
Оставете да делува 15 минути, а потоа исплакнете со млака вода. После овој третман не се препорачува директно изложување на кожата на сонце.
Повторувајте ја постапката двапати неделно, сè додека не ги добиете посакуваните резултати.
Лимоновиот сок ја чисти кожата и ѝ дава сјај. Куркумата е задолжена за осветлување на кожата, но исто така има и антивоспалително дејство.
Важно е да се напомене дека доколку имате премногу чувствителна или премногу сува вода, заменете го лимоновиот сок со млеко или разблажете го со малку вода.
М. С. | Црнобело