3 важни нешта за тампоните кои секоја жена треба да ги знае

Постојат 2 типа на жени – оние кои користат тампони и оние кои користат влошки. Ако припаѓате на првата категорија, тогаш има некои нешта кои се од исклучителна важност за вашето здравје и кои апсолутно мора да ги знаете.

3-vazni-nesta-za-tamponite-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-01

Ова се дел од нив:

1. Тампоните имаат рок на траење

Многу жени не знаат дека и тампоните и влошките имаат рок на траење. Забораваме дека тампоните не се стерилни и затоа при секое нивно купување треба да го провериме датумот на производство и рок на траење.

Експертите предупредуваат дека рокот на траење на тампоните кои ги носиме во чанта дополнително се намалува поради изложеноста на прашина, парфеми и бактерии кои се наоѓаат во чантите.

За разлика од влошките, тампоните ги ставаме внатре во вагината и поради тоа треба да бидете уште повнимателни при нивна употреба, бидејќи ако користите тампони со поминат рок може да предизвикате создавање на инфекција.


2. Во текот на животот трошиме помеѓу 2.000 до 3.000 евра на тампони

Ширум светот, веќе долго се расправа за тоа дали треба да се укине данокот на женските производи за интимна хигиена и да се класифицираат како медицински производ со обѕир на тоа дека ваквиот трошок е непотребен.

Проценето е дека во зависност од траењето и обилноста на месечниот циклус, жените трошат од 2.000 до 3.000 евра на тампони – што мора да се признае дека се многу пари кои можат многу поинаку да се потрошат.


3. Избегнувајте мирисливи тампони

Првиот „миризлив“ тампон се појавил во 1971-та година. Меѓутоа, гинеколозите предупредуваат дека би требало да ги избегнувате користење на миризливи тампони затоа што поради материјалот т.е. додатокот кој го содржат го зголемува ризикот од создавање на габични вагинални инфекции или чешање и го влошуваат мирисот на интимното подрачје. Исто така, од истата причина избегнувајте и миризливи дневни влошки.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аденовирус кај деца: Како се пренесува, кои се симптомите и како се третира? Инфекцијата со аденовирус може да се појави кај дете на која било возраст. Децат...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...
3 масажи кои можат да ги намалат менструалните болки Масажата на стомакот ги релаксира мускулите и ја намалува напнатоста. Исто така,...
Зошто дланките ви се постојано студени (и како да ги стоплите во зима)? За да не ви бидат рацете постојано студени, избегнувајте тесна облека и чевли. З...
Жени кои имале рак на дојка откриваат кои симптоми ги натерале да одат на преглед „Чувствував болка и еднаш ме разбуди среде ноќ. Мислев дека не е ништо сериозно,...
10 рани, предупредувачки знаци за мултипла склероза кои е добро да ги знаете Трнење на екстремитетите, проблеми со рамнотежата и замаглен вид… Трнење на е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg