Очилата се минато за мене!

“По ласерската корекција на диоптрија, се чувствувам опуштено и ослободено затоа што не морам да носам очила повеќе!”- вели Марко Василевски, млад музичар од Скопје.

ocilata-se-minato-za-mene-30.jpg

Моментално свири контрабас во џез составoт Fierce, кој полека но сигурно ги освојува симпатиите на скопската публика. Fierce е проект на млада генерација на македонски музичари, љубители на џез музиката кои одат чекор понапред во своето изразување, правејќи комбинација од џезот и модерните музички елементи.

Марко уште од млади години, носел очила на кои што со тек на време се навикнал. Особено му пречеле на настапи, бидејќи секој пат му биле дополнителна активност : “кревање на очилата на место”. Но, како што на секоја навика и доаѓа крај, така и на неговата.

Пресуден момент во животот на Марко за да ја посети Систина Офталмологија е моментот кога ги крши омилените очила, и кога на преглед за нови очила му констатираат одреден проблем со ретината: “Не бев сигурен во таа дијагноза и дојдов во Систина Офталмологија на второ мислење и на прегледот се покажа дека се е во ред со моите очи и дека можам да ја направам интервенцијата.”

Со ласерската корекција на диоптрија, Марко се ослободи од стегите на диоптријата и создаде можност за целосно ново доживување во музиката која го инспирира.. Презадоволен, за своето искуство во Систина Офталмологија, вели: “Стручноста и приемот од персоналот влева доверба и секој повод за посета го чини пријатен!”

Ласерската корекција на диоптрија, како најсовремена метода за остранување на секоја диоптрија, во Македонија успешно ја изведува врвниот и искусен тим на Систина Офталмологија, во соработка со најголемата Универзитетска клиника „Свјетлост“ од Загреб. Оваа универзитетска очна клиника е прва во Хрватска која започна да работи ласерско отстранување на диоптрија уште пред 17 години и до сега оперирала преку 50.000 очи.

Повеќе информации на овој линк.

Би можело да ве интересира:

7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Што ќе се случи со вашето тело ако секој ден јадете по 3 урми? Го намалуваат нивото на шеќери, овозможуваат исфрлање на лошиот холестерол, пома...
Лоши навики во домот кои треба да престанете да ги правите веднаш Колку често ги чистите кваките во вашиот дом? А дали ви текнува да го исчистите ...
„Инсомнијата ми го уништи животот - ова е ужасен проблем, верувајте ми“ „Кулминацијата дојде во 2017 година. По обична вечера со пријатели, останав будн...
Слабо менструално крвавење: Кои се најчестите причини и дали е знак за проблем? Психолошкиот стрес може да влијае на делот од мозокот кој е одговорен за регулир...
Како да ја отстраните водата од увото без да предизвикате инфекција (и кога да одите на лекар)? Влегувањето вода во увото е честа појава, но ако не сте внимателни, можете да си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg