3 одлични активности кои ќе ви помогнат да се ослободите од стресот и анксиозноста
Стресот и напнатоста се чини дека се составен дел од животите на сè поголем број луѓе во голем дел благодарение на динамичното темпо на живот и многубројните обврски.
Постојат голем број на техники и начини со кои можете да се ослободите од стресот и анксиозноста.
Голем број на истражувања покажале дека менталното здравје е тесно поврзано со физичкото здравје па токму затоа, еден од начините за решавање на проблемите поврзани со стресот е практикувањето на одредени физички активности кои го поттикнуваат лачењето на хормоните на среќа, а го намалуваат лачењето на хормоните активатори на стресот.
1. Трчање
Според едно истражување само 5 минути трчање на ден може да ви помогне да живеете подолго. Првично трчањето е одлична вежба за одржување на вашата форма, трошење калории, а исто така и за намалување на ризикот од срцеви болести.
Но, трчањето истовремено има и влијание врз менталното здравје. Истражувањата покажале дека во текот на и по вежбањето се лачат хормоните на среќа серотонин и норепинефрин.
Научниците докажале дека повторливото движење на телото во текот на трчањето има медитативен ефект врз нашиот мозок и на тој начин му помага да се ослободи од насобраниот стрес.
2. Планинарење
Природата сама по себе има смирувачко дејство врз човечкиот мозок. Постојат голем број докази кои покажуваат дека средина во која сте опкружени со растенија и дрвја, особено стари дрвја, може значително да ја намали анксиозноста, бидејќи растенијата испуштаат хемикалии со кои ги забавуваат процесите на нивно распаѓање, што се чини дека делува и врз нашето тело.
За вашето тело да се регенерира доволна е прошетка во шума од само 20 минути, која покрај тоа што ќе ве опушти ќе ја зајакне и вашата меморија.
3. Јога
Многу истражувања покажале дека јогата е одличен начин за намалување на анксиозноста и стресот. Учесниците кои започнале да се занимаваат со јога за кратко време забележале намалување на чувството на депресија, гнев, анксиозност и невротични симптоми.
Она што е добро кога е јогата во прашање е што покрај истегнувањето и зајакнувањето на телото, фокусот е ставен на техниките на дишење, што е од огромна важност за смирување и опуштање на мозокот.
М. С. | Црнобело