Среќни сте ако ги немате: 5 вагинални проблеми кои секоја жена треба да ги знае

Мал процент од жените никогаш во животот не се соочиле со некоја инфекција или вагинален проблем кој создавал непријатно чувство за време на сексуалниот однос или секојдневните активности.

srekni-ste-ako-gi-nemate-5-vaginalni-problemi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-02.jpg

Она што е најлошо е што поголем дел од тие проблеми и инфекции може да се случат било кога и по повеќе пати откако ќе мислите дека сте ги „излечиле“.

5 вагинални проблеми кои мора да ги знаете за да реагирате соодветно:

1. Грчење на вагиналните мускули

Ова се случува често, а сепак е мистериозно пореметување карактеризирано како стегање на долните мускули на карлицата кои ја контролираат вагината. Стегнатите мускули се болни и непријатни, а понекогаш предизвикуваат и грчеви. Се претпоставува дека се предизвикани од психолошки причини, како на пример анксиозност, депресија или лошо сексуално искуство.

Добра вест е што стегнатите вагинални мускули може да се излечат со Кегелови вежби. Со нивна помош ќе стекнете подобра контрола над нив.


2. Интензивна болка при отворот на вагината

Тука не се работи за блага и тапа болка, туку за интензивно чувство. Најлошото е што не се знае причината. Жлездите на отворот на вагината стануваат воспалени од непозната причина и создаваат болка при сексуалниот однос, па дури и при активности како седење или шетање.

Третманот за лечење на болката подразбира антидепресиви или други лекови соодветно пропишани од доктор, а во некои случаи дури и операција при која се отстрануваат воспалените делови.


3. Појава на бели наслаги

Ова е нормална појава во доцните 40-ти години, кога нивото на естрогенот се намалува. Тоа доведува до формирање на густ бел слој на кожата на вагината и околу неа. Може да предизвика чешање и изгледа како егзема.

Освен промените во пигментот, во доцните 40-ти ткивото на вагината станува потенко, што доведува до почести иритации. Во некои случаи сексот може да биде невозможен.

srekni-ste-ako-gi-nemate-5-vaginalni-problemi-koi-sekoja-zena-treba-da-gi-znae-01.jpg

4. Блокиран химен

Ткивото на влезот во вагината познат како химен е нормално да има мала дупка на себе која и дозволува на менструалната крв слободно да поминува. Меѓутоа, кај некои девојки се случува мембраната да биде затворена и целосно да го блокира отворот на вагината.

Ова обично се дијагностицира во адолесценцијата, откако ќе се добие првиот циклус. Проблемот најчесто се решава при хируршка процедура која не влијае на понатамошното сексуално искуство, ниту на бременоста во иднина.


5. Меки грутки

Веројатно ќе се испаничите ако почувствувате меки грутки на вагиналните усни, но ова се случува исклучиво ако се развие циста на Бартолиниева жлезда во вагината. Секоја страна од надворешните вагинални усни содржи по една ваква жлезда, а проблемот се јавува кога истата ќе се затне и ќе почне да собира течност. Ако грутката стане болна и чувствителна, тогаш значи дека е инфицирана.

При самиот почеток, штом забележите некаква грутка, најдобро е да го посетите гинекологот кој ќе го следи процесот и ќе ви препише антибиотици. Овие воспаленија може да се враќаат постојано, па некои жени се решаваат за отстранување на жлездата.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ларингитис кај деца: Кои се најчестите симптоми и како најбрзо да му помогнете на вашето дете? Во бањата пуштете врела вода за да се создаде пареа. Потоа детето треба да го вн...
5 работи што треба да ги правите за да спречите отекување на нозете во лето Солената храна предизвикува отекување. Па, во лето пробајте да го намалите колич...
Фебрилни конвулзии кај деца: Кои се причините, како да ги препознаете и како да реагирате? Ако сè се прави правилно и во консултација со лекар, фебрилните конвулзии кај по...
Децата и потењето: Како да препознаете дали е нормално или прекумерно? Ако вашето дете се поти повеќе од нормално, може да има хиперхидроза, ...
Најопасните вируси со коишто се соочило човештвото (и дали има лек) Сигурно ви е познат вирусот SARS-CoV-2 кој е причина за пандемијата од 2019 годи...
Проблеми со менталното здравје и уште 5 скриени причини за болка во грбот Недоволната физичка активност може да предизвика болка во грбот, но знаевте ли д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg