Сè што не знаете за клиторисот, а ќе ви користи: Може да дојде до состојба на ерекција
Дали сте сигурни дека знаете што точно претставува клиторисот? Веројатно за многу работи воопшто не сте слушнале...
Дали сте знаеле дека клиторисот е ден прилично голем и комплексен орган? Она што повеќето луѓе го знаат за клиторисот е само „врвот од сантата мраз“, односно поголем дел од овој орган е скриен под кожата.
Историјата и анатомијата ни покажуваат дека сè до средината на 19-от век, многу малку се знаело за клиторисот. Во поголемиот дел од книгите од тој период, клиторисот само се спомнува.
Од тој период започнува сагата на клиторисот, но и понатаму останува како тајна која останува целосно да се разјасни.
Дури и Фројд имал теорија дека стимулацијата на клиторисот е одраз на сексуална незрелост и нееротична сексуалност. Оваа теорија сега е побиена, но клиторисот и понатаму останува мистерија.
Целата оваа мистерија е поврзана со идејата дека жените не доживуваат задоволство од сексот, туку заради самата репродукција - идеја која се врзува за патријахалната општествена репресија.
Новите истражувања и еманципацијата на жената фрлиле светлина на овој женски орган. Но, објаснувањата и понатаму се мали и во главно се однесуваат на надворешниот дел од клиторисот.
Клиторисот се наоѓа таму каде се спојуваат малата и големата вагинална усна, над мочниот меур, односно тука се наоѓа врвот на клиторисот кој е прекриен со слузокожа. Ова е надворешниот дел од клиторисот.
Телото на клиторисот во просек е долго околу 2 до 4cm, а широко 1 до 2cm. Од таму се дели на два крака кои се долги 5 до 9cm.
Испреплетен е со густа мрежа на крвни садови и како и пенисот, може да дојде до состојба на ерекција, а има двојно повеќе нервни завршетоци од пенисот. Тоа значи дека женското задоволство во сексот може да биде двојно посилно од она кај мажите.
Уште една значајна разлика меѓу клиторисот и пенисот е тоа што клиторисот нема ниту една друга функција освен што служи за задоволство. Уште една мистерија на природата.
Н. Г. | Црнобело