М-р Фармацевт Биљана Божиновска: Кремата од коноп е погодна за нега на сува кожа, атопична и склона кон псоријаза

Интервју со М-р Фармацевт Биљана Божиновска-Управител на аптеки ДНА АННИ ФАРМ.

mr-farmacevt-biljana-bozinovska-kremata-od-konop-e-pogodna-za-nega-na-suva-koza-atipicna-i-sklona-kon-psorijaza-01.jpg

1. Конопот или канабисот предизвика многу контроверзии за неговата примена, мислењата беа поделени дали да се легализира или не, кои се негативните последици од канабисот?

 Употребата на Канабисот (халуциногена дрога)  во немедицински цели има многу негативни последици по здравјето на луѓето. Катранот кој е присутен во канабисот е 3-5 пати во повисока концентрација од онаа во цигарите па затоа и нивната канцерогеност доколку се внесува на овој начин (пушење на марихуана) е многу голема. Намалување на концентрација, заборавеност, халуцинации, намалување на психофизичката активност и сексуалната активност се само мал дел на сите оние несакани ефекти кои ги предизвикува канабисот. Затоа неговата злоупотреба како опијатна дрога нема никаква оправданост.

Канабисот е опасен ако се консумира или злоупотребува како опијат(дрога), но доколку се користи за медицински цели неговата примена е незаменлива. Фармацевските компании ширум светот произведуваат лекови од оваа исклучително лековита билка која покрај канцерот како најопасна болест има примена и за третманот на  низа други болести кои не се познати во нашата земја , а во странство одамна се користат.

Кога зборуваме за Канабисот во медицински цели  неговото дејство  за активација на имунолошкиот одговор и активирање на ,,натурал килер,, клетките е од големо значење особено при третман на малигните заболувања.

Постојат и студии за ефикасноста на канабиноидите и во третман на симптомите ма Мултиплекс склероза.


2.
Аптеките Анифарм се застапник на колекцијата коноп, кажете ни повеќе за овие производи?

Конопот (Канабис сатива) изобилува со незаситени масни киселини линолна, линолеинска кои се особено важни во исхрана на сува, оштетена , атопична кожа.  Антиоксидативното делување на овие незаситени киселини дополнително ја зголемуваат отпорноста на кожата кон штетните надворешни влијанија , УВ зрачења, радијација а несомнено кожата е и првата бариера и заштита на човекот од сите овие штетни делувања.

Ефектот на ТХЦ нанесен во облик на крем овозможува мускулна релаксација и ослободување од болката која може да биде од различна причина.

Овие ефекти на состојките што ги содржи конопот искористени се во производство на производи за нега на кожа  сува, атопична и склона кон псоријатични промени. Ја храни, негува и заштитува кожата од сите несакани надворешни делувања. За нега на кожата има гел за туширање, шампон, млеко за тело, крема за раце, тело и лице а маслото од 80% коноп и 20% чајно дрво помага и при третман на кожа со акни, третман на габични инфекции  и  атлетско стапало.

Што се однесува до ефектот на мускулна релаксација има производи од коноп (Сина конопна крема) со додатоци на рицинус, ментол, еукалиптус кои се користат при различни повреди на скелетно мускулниот систем пропратен со оток и повреди пропратени со болки и  укоченост на мускулатурата.

Црвената конопна крема  содржи додаток на екстракт од лута пиперка (капсицин)  кој овозможува да се подобри циркулацијата, особено погодно за спортисти пред напорни тренинзи и натпревари.  Мускулатурата е  релаксирана со добра циркулација со што не се дозволува таложење на млечна киселина а се намалува и можноста од повреди, истегнување или кинење на тетиви и лигаменти.  

Зелената конопна крема содржи  10 % конопно масло што овозможува најголема мускулна релаксација. Многу физиотерапевти ја користат во физикална терапија зошто го подобрува севкупниот ефект на третманот.

mr-farmacevt-biljana-bozinovska-kremata-od-konop-e-pogodna-za-nega-na-suva-koza-atipicna-i-sklona-kon-psorijaza-02.jpg

3. Каде може да се набават овие производи и за кого се наменети?

Производите ги има во сите подобро снабдени аптеки Бети, Еурофарм, Алпи а и во аптеките ДНА АННИ ФАРМ во н. Хром и т.ц. Капитол Мол


4.
Какви се искуствата на корисниците?

Благодарение на позитивните искуства на пациентите  решивме малку повеќе да се вложиме  и да направиме овој производ да биде достапен. Застапен е во повеќе аптеки ширум Македонија каде пациентите ќе добијат и стручна препорака од фармацевти за да го купат производот кој токму на нив им е најпотребен.


5.
Може ли да има негативни последици од користењето на конопот за човечкиот организам?

Негативни последици  од користење на конопните производи не се можни. Важно е да се избере правиот производ  за да се добие максималниот ефект од нив. Потребно е само да се внимава кога има повреда која е пропратена со оток, болка и укоченост да не се користи црвената конопна крема (која загрева)  зошто кај овие пациенти има потреба од сината конопна крема која лади.

Би можело да ве интересира:

Остеопороза или „тивка болест“: Причини за појава, симптоми и совети за третирање Редовното и правилно вежбање може да ги зајакне коските, а долгото седење и недо...
Промени на телото кои можат да бидат знак за проблем со здравјето Темните дамки на вратот и под пазувите некогаш се знак за високи ниво на прогест...
Лимон наместо антиперспирант - Нов бизарен ТикТок тренд (и зошто е опасен) Според дерматолозите, лимонот може да ја иритира нежната кожа под пазувите, но д...
Промени во телото кои можат да бидат знак за (сериозен) проблем со здравјето Промени во градите кои не се поврзани со месечниот циклус, грчење на мускулите –...
Сѐ повеќе познати дами не носат градник: Кои се предностите на овој тренд, според докторка? Сè повеќе жени, особено познатите, одлучуваат да не носат градник кога излегуваа...
Природен лек за искашлување секрет од белите дробови – Се пие секој ден по една лажичка Ако и вие заради променливото време маки мачите со кашлицата, овој рецепт за при...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg