Видео после кое никогаш нема да ги чистите ушите со стапчиња
Најголемиот дел од луѓето ги користат чепкалките за уши секојдневно, сметајќи дека на тој начин одржуваат соодветна хигиена на своите уши.
Но, вистината која се крие зад тоа е дека овие чепкалки им нанесуваат повеќе штета отколку корист на ушите.
Вилијам Х. Шапиро, аудиолог и клинички професор, објаснува зошто восокот кој го излачуваат ушите е здрав и зошто не треба да ги користите чепкалките.
Користејќи ги чепкалките вие само ги туркате внатре нечистотиите од надворешниот дел на увото, дозволувајќи тие да дојдат до ушното тапанче и да го оневозможат неговото правилно функционирање, односно вибрирањето со кое тоа го пренесува звукот понатаму во слушниот апарат“ – објаснува тој.
„Восокот кој се создава во увото го заштитува од навлегување на инсекти и нечистотии, а истовремено го подмачкува и ушниот канал. Уште една негова важна карактеристика е што тој има кисел средина и на тој начин го спречува создавањето габи во ушите.“
М. С. | Црнобело