Совети за користење кондоми
Користењето на кондоми можеби изгледа навистина лесно. Но, кондомите нема да ја завршат својата работа доколку не ги користите соодветно секој...
...пат кога ќе имате секс. Доволно е да имате само еден незаштитен сексуален однос за да се заразите со сексуално пренослива болест, која може да предизвика сериозни проблеми на долг рок.
Затоа, прв и најважен совет: секогаш кога имате сексуален однос користете латекс кондом.
Второ, секогаш користете нов кондом за секој вид на секс за целото времетрање на сексуалниот однос.
Трето, ставете го кондомот пред да имате било каков генитален допир.
Четврто, доколку почувствувате дека кондомот пукнал веднаш престанете, повлечете се и ставете нов.
Петто, осигурајте се дека имате соодветна лубрикација при вагинален и анален секс. Ова може да бара и користење на лубриканти кои се на база на вода.
Шесто, по завршувањето на сексуалниот однос, завиткајте го кондомот во некакво марамче и фрлете го таму каде што никој нема да има допир со него.