Внимавајте на себе: 5 работи кои никако не треба да ги правите кога имате менструација
Иако не ни е омилено нешто планетава, сепак мора да го почитуваме менструалниот циклус.
Тогаш сме исцрпени, немаме желба да се мрднеме од креветот ниту да бидеме во друштво. Сакаме дома да седиме, опкружени со многу храна.
Меѓутоа, постојат активности со кои го загрозувате циклусот, а никако не смеете да ги правите.
Ова се некои од нив:
1. Незаштитен секс
Општо при незаштитен секс, големи се шансите да останете бремени. И плус за да избегнете голем број инфекции најдобро е да апстинирате од секс додека ви трае месечниот циклус.
2. Прескокнување оброци
Диетите не ви се баш најдобар избор во овој период. Обидете се да не прескокнувате оброци. Мора да имате на ум дека за тоа време губите многу крв, а храната ќе ви ја врати енергијата.
3. Физичка работа
Ако почувствувате болки во грбот или стомакот, избегнувајте физичка работа затоа што во тој случај болката само ќе се зголеми.
4. Брза храна
Иако јадењето брза храна во 2 часот по полноќ ви изгледа како привлечна идеја, таа никако нема да ви помогне да се чувствувате подобро.
5. Ладна вода
Не треба да пиете ладна вода, затоа што така менструалната крв останува во ѕидот на матката.
С. С. | Црнобело