8 причини зошто од вечерва треба да спиете свртени на лева страна
Сите знаеме дека квалитетниот сон е основа за добро здравје, меѓутоа ретко кога помислуваме дека страната на која спиеме има голема улога.
Според многу доктори спиењето на левата страна е секогаш поздраво, па како што постојат пози кои може да ја зголемат главоболката или болките во грбот, така постои и оваа поза која може да ги излечи.
Зошто од вечерва треба да спиете свртени само на левата страна?
1. За оние кои патат од киселини по обилниот и зачинет оброк, спиењето на левата страна ќе ги олесни мачнините, додека секое вртење на десната страна само ги влошува истите.
2. Спиењето свртени на лева страна значително ги намалува шансите за ‘рчење во текот на ноќта.
3. Спиењето на левиот колк го подобрува варењето на храната заради тоа што кога храната ќе се помести на едната страна од стомакот, гравитацијата овозможува таа да се вари со поголем интензитет.
4. Спиењето свртени на лева страна исто така ве ослободува од притисокот во срцето и сите пропратни болки кои може да следат.
5. Повторно гравитацијата! Кога спиете на левиот колк, слезината полесно си ја извршува својата функција.
6. Иако многумина не размислуваат за нив, лимфните жлезди на вратот и под пазувите имаат голема улога врз здравјето. Левата страна е доминантна, што значи дека кога спиете на левата страна вашето тело има повеќе време да ги филтрира токсините и да ги исфрли.
7. Ја подобрува циркулацијата на телото и го намалува притисокот низ вените.
8. Кај бремените жени се подобрува протокот на крв до срцето на бебето, што е одлично и за мајката и за бебето.
М. Д. | Црнобело