5 корисни совети за здрава вагина
Денешниот пазар е преплавен со препарати и козметички средства во различни облици за интимна нега, но колку истите се здрави?
Како што е случајот со останатите органи во телото, така и нашите интимни региони имаат свој природен баланс кој константно го нарушуваме со употреба на разни хемикалии кои ни ги нудат продавниците и списанијата.
Токму затоа, интимниот регион станува подножје за развој на бројни инфекции.
Како да го одржите здравјето на вагината?
Чиста вода
Водата е најдобра за одржување на интимната хигиена, а козметичките средства се само додаток. Важно е да одберете средство чија pH вредност ќе одговара со онаа на кожата.
Оние денови
Во текот на менструацијата, најдобро е да се туширате со млака вода и почесто. Редовно менувајте ги влошките или тампоните.
Облека
Ова е добро познато, најдобро е да употребувате памучна долна облека и да избегнувате тесна облека која може да предизвика дополнително потење на препоните.
Исхрана
Колку повеќе шеќер внесувате, толку повеќе се нарушува pH вредноста на интимниот регион, а тоа може да доведе до појава на инфекции.
Знаењето е моќ
Вашето тело секогаш ви испраќа јасни пораки кога има некој проблем, важно е да научите како да препознаете за што станува збор. Како и секоја друга жена имате секрет, па потребно е да ги следите промените на истиот.
Н. Г. | Црнобело