Науката потврдува: Спиењето во ист кревет со партнерот е корисно за здравјето
Потребен ви е дополнителен мотив за да го сакате вашиот партнер уште повеќе?
Најновото истражување спроведено од страна на доктор Андреа Питерсен за „Wall Street Journal“, открива дека делењето на креветот со партнерот е корисно за вашето здравје. Спиењето со личноста која ја сакате го намалува нивото на кортизолот, хормон кој е главен предизвикувач на стрес и чувство на анксиозност и депресија.
Оваа интересна врска помеѓу спиењето со партнерот и квалитетот на сонот, а со тоа и подобрувањето на здравјето, ја потврдува и Венди М. Троксел, професор по психијатрија и психологија во унивезитетот во Питсбург, кој изјавува:
„Придобивките од заедничкото спиење со партнерот не се само физички, туку исто така и психички. Спиењето заедно го намалува нивото на цитокините, хемиски супстанци вклучени во процесите на разни воспаленија во телото, и на нивно место го зголемува лачењето на окситоцин, познат уште и како хормон на љубовта, за кого се знае дека го намалува стресот и вознемиреноста.“
Сепак тврдењата на научниците не запираат тука. Според научниците она што ќе ви донесе подобро здравје и поквалитетна врска со вашиот партнер е спиењето голи.
Истражувањето покажало дека лицата кои се сами имаат поголема потешкотија да заспијат и имаат поголеми шанси за развивање на депресија.
М. С. | Црнобело