5 состојки кои докажано го лечат мамурлакот
Борбата со мамурлакот е најголемиот пораз со кој се соочуваме утредента по добрата журка, ако го исклучиме отворањето на паричникот.
Последиците најчесто доаѓаат во облик на мачнини, иритирачки главоболки и општа непријатност.
Ако веќе е доцна и стигнавте до она „од денес не пијам“, значи дека сте до последен стадиум и може да ви помогнат само овие 5 состојки:
1. Витамин Б
Витаминот Б е неопходен за исфрлање на токсините од телото. Земете еден Б-комплекс утрото по консумирањето на алкохол и ќе видите како работите ќе станат полесни.
2. Исфрлете го кофеинот
Иако е против сите природни нагони кои ги имате утрото, кога се соочувате со мамурлак кафето е забрането. Кофеинот му прави дополнителен стрес на телото.
3. Пијте минерална воза со магнезиум
Магнезиумот е важен електролит за хидратација, но и природен лек против анксиозноста со која веројатно се соочувате наутро. Минералната вода пак ја враќа pH рамнотежата во телото.
4. Јадете храна која содржи ензими
Зелениот лиснат зеленчук, јаболковиот оцет и куркумата се добар начин да го прочистите телото. Храната богата со протеини како јајца и авокадо ќе му даде сила а целиот организам, затоа паметно комбинирајте.
5. Вода, вода, вода
Последното и најважно правило е литри вода. Додајте и малку лимон за ги наполните батериите побрзо.
Д. М. | Црнобело