Веднаш по новогодишната забава: Како да го исчистите црниот дроб?
Во човековиот организам црниот дроб има улога на „фабрика за регулирање на нивото на шеќерот во крвта“, но сепак, најважната функција на овој орган е чистење и отстранување на отровите од крвта.
За време на новогодишните празници сакаме да се релаксираме и да уживаме во храна и пијалаци кои штетат на црниот дроб и ја забавуваат неговата работа. Тоа посебно можеме да го почувствуваме утрото по прославата на новата година кога најчесто сме прилично мамурни.
За среќа, постои руски рецепт кој може да ви помогне да го исчистите црниот дроб – со помош на суво грозје. Но, внимавајте, не купувајте било какво грозје – она жолтото со сјај е прскано. Квалитетното суво грозје без хемикалии на себе е она кое нема сјај, збрчкано е и не премногу меко.
Обично ваквото грозје е темно кафеаво или кафеаво.
Како да го подготвите рецептот?
Потопете половина шолја суво грозје во топла вода и оставете го да отстои 15 минути. Потоа процедете ја водата и ставете уште една шолја зовриена вода. Со оваа вода грозјето го оставате да отстои преку ноќ. На празен желудник, рано наутро, испијте ја водата и изедете го грозјето.
Постапката можете да ја повторувате четири пати во месецот за целосно да го прочистите црниот дроб.