Каква масажа да изберете?
Кога доаѓа крај нa годината сите сакаме да се релаксираме. Што е најдобро? Масажа е најдоброто нешто кое ќе ве опушти. Каква? Ние ви препорачуваме...
...масажа со топли камења.
Ова е апсолутно отпуштање на телото и духот! Нешто ново за фановите на масажата кои веќе имаат искусено многу.
Загреаните мазни камења се поставуваат на конкретни места, обично тоа се чакрите односно енергетски центри. Топлината на камењата се пренесува на кожата и длабоко продира во неа со што веднаш чувствувате опуштеност.
Оваа масажа најчесто се користи за воспоставување внатрешен мир и хармонија. Целта не е лекување некоја физичка болка, туку подобрување на психичката состојба на личноста.
Масажата со топли камења е ефикасна за ублажување на нервозата, анксиозноста, болките, па се до подобрување на циркулацијата и другите тегоби како последица на секојдневниот стрес со кој се сретнуваме особено при работните навики.
Секој што ја пробал оваа масажа може да потврди дека таа отпушта, освежува и ја обновува енергијата во вас. Затоа, задолжително дозволете си ваква релаксацаија.