Црвено или бело вино?
Кога се ближат празниците – се е дозволено. Сигурно деновиве ќе се решите за по некоја чашка винце. Какво да одберете? Бело или црвено? Прочитајте повеќе...
...од кое би имале позитивен ефект, па одлучете се.
Дали е добро да пиеме вино?
Се што е во умерени граници е добро. Нормално дека никој нема да ви препорача да испиете цело шише вино.
Една чаша за време на ручек се препорачува дури и за помладите. Зошто?
Црвено вино за здраво срце.
Нашите баби и дедовци и родители, до ден денес, практикуваат да се напијат чаша црвено вино за време на ручек. Ако ги прашате зошто - ќе ви кажат за здравје.
Алкохолот и одредени супстанци во црвеното вино, познати како антиоксиданси, имаат позитивен ефект на артериите. Тие го одржуваат холестеролот во нормално ниво и ги штитат срцевите артерии од оштетување. Затоа се смета дека една чашка има добро влијание врз срцето.
Бело вино за помалку нервоза.
Белото грозје е посиромашно со феноли, и содржи помал процент на калиум и калциум. Сепак тоа се смета за одличен лек за оние кои имаат проблеми со нервите. Ако сакате помалку нервоза и опуштеност- една чашка бело вино не е на одмет.
Нема штета ако го консумирате во ограничени количини.
Затоа запомнете: во мали количини и со голема доза на уживање!