Корисни совети кои ќе ви помогнат убаво да се наспиете: Умерена температура, проветрување...
Нема поубаво чувство од тоа кога наутро ќе се разбудите наспани и полни со енергија. Сепак, секојдневното останување до доцна навечер, несоницата и голем број други работи не ни дозволуваат многу често да се чувствуваме одморено наутро.
Понекогаш цел ден се чувствувате поспано и уморно и едвај чекате да дојде време за спиење за на крајот да се вртите и со часови никако да не можете да заспиете.
Ако и вие сте еден од многуте луѓе кои секојдневно се справуваат со овој проблем не грижете се, ние ви нудиме неколку едноставни решенија кои ќе ви помогнат секое утро да се будите одморени и наспани:
1. Јадете храна богата со магнезиум
Истражувањата покажале дека магензиумот има клучна улога во способноста за спиење. Во храна богата со магнезиум спаѓаат семките од тиква, спанаќот, рибата, сојата, бананите, темното чоколадо...
2. Користете ја спалната соба само за одмор и релаксација
Според Фенг Шуи филозофијата, не треба да се чуваат никакви сметки во спалната соба, бидејќи тоа ја одзема смиреноста. Спалната соба треба да биде местото од каде ќе црпите енергија па затоа, сите документи поврзани со работа или некакви други обврски само ќе ви го одвлекуваат вниманието и нема да ве остават да се одморите.
3. Одржувајте умерена температура во спалната соба
Уште една од грешките која многу често ја правиме е спиењето во многу топла просторија. Идеалната температура која гарантира добар сон се движи меѓу 15 и 23 степени. Секоја температура повисока од тоа води кон повеќе будења во текот на ноќта и полесен сон.
4. Истуширајте се со жешка вода или лежете во када пред спиење
Ова ќе му помогне на вашиот ум да се релаксира и да заборави на проблемите кои го мачат, додека зголемувањето и намалувањето на температурата ќе предизвикаат желба за спиење.
5. Одредете време за легнување и станување и придржувајте се до него
Одењето во одредено време во кревет е навика која му помага на телото да воспостави една сопствена динамика која ќе ја почитува.
Исто е и со станувањето наутро. Нередовното време на легнување и станување може да доведе до чувство на замореност дури и после долгочасовно спиење.
6. Не лежете ако не можете да заспиете
Ако лежите со отворени очи повеќе од 20 минути и не можете да заспиете станете од креветот и обидете се некаква релаксирачка активност како читање книга, слушање музика...
Нервирањето за тоа што не можете да заспиете воопшто нема да ви помогне да се опуштите и заспиете.
7. Чувајте го телефонот подалеку од вас
Сите ние сакаме постојано да бидеме во тек со случувањата, ама бидете сигурни дека сликата на Viber од тоа како вашата другарка си поминува во диско или смешното видео од Youtube може да почекаат и до утре.
8. Проветрете ја собата
Свежиот воздух е многу важен за добар сон. Отворете го прозорот секогаш барем половина час пред да си легнете за да дозволите застоениот воздух богат со јаглероден диоксид да излезе и да биде заменет со свеж воздух богат со кислород.
9. Напијте се топол чај или млеко пред спиење
Голем број на медицински истражувања покажуваат дека топлите напитоци како топлото чоколадо, млеко и чај му помагаат на телото да се релаксира и да потоне во мирен сон.
М. С. | Црнобело