Ефикасен лек против настинки и грип: Масло од оригано

Настинките се вообичаени за овој период. Често се наоѓате во ситуација да не можете да се справите со настинките, болното грло и растечениот нос.

efikasen-lek-protiv-nastinkite-i-gripot-maslo-od-origano-01.jpg

Доколку не ви помагаат вообичаените лекови пробајте со нешто ново, масло од оригано.

Маслото од оригано може да ги ублажи симптомите на настинка, преладеност, кашлица, астма, стомачни тегоби.

Може да помогне кај инфекции на респираторниот тракт и херпеси. Ориганото е богато со витмин К и антиоксиданси. Исто така, има витамин Е и калциум.

Истражувањата во Универзитетот во Аризона откриле дека хемиските супстанции на ориганото имаат антивирусни и дезинфекциони својства. Супстанцата која се вика карвакрол има способност да ги уништи вирусите и да им овозможи на антимикробите во организмот ефикасно да нападнат.

Ова е многу корисно кога е во прашање вирус проследен со повраќање, бидејќи таквиот вирус не може да се убие со дезинфекциони средства и брзо се шири, особено во болниците.

Мислевте дека ориганото служи само да го подобри вкусот на пицата или сосот за шпагети? Не е баш така.

Факти за ова масло:

1. Постојат бројни видови на оригано. „Origanum vulgare“ е видот кој има најдобри ефекти.

2. Маслото од оригано мора да се разреди со вода или со сок или да се зема во форма на пилули, но никако не смее да се пие често.

3. Ако ве боли грлото или сте настинати, ставете неколку капки од ова масло во врела вода и напијте се.

4. Помешајте неколку капки масло од оригано со маслиново масло и намачкајте на проблематичните региони на кожата.

5. Користете 6-7 капки дневно и тоа 20 денови, не повеќе.

6. Ориганото може да предизвика алергиски реакции кај луѓето кои се алергични на босилек, лаванда, мајоран или жалфија. Не се препорачува за трудници.

7. Може да се зема во форма на капсула или течност. Прочитајте на производот пред да го купите, колку проценти содржи од маслото.

Н. Т. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Папочна кила кај бебиња и мали деца: Како да ја препознаете и како се третира? Главниот знак на папочна кила е видлива испакнатина под кожата околу папокот. Та...
Вие прашувате, психолог одговара: „Не можам да заборавам смрт на близок и да почнам да учам за испит... На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
Дел од најсмртоносните видови рак (и зошто е тешко да се излечат) Ракот на панкреас е еден од најсмртоносните, најмногу бидејќи не покажува симпто...
Вие прашувате, психолог одговара: „Сопругот ме омаловажува и навредува – Може ли да се промени?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
7 знаци дека треба да посетите кардиолог Не се храните здраво и чувствувате болка во градите која се засилува со физичка ...
Синдром на ноќно јадење - Зошто се прејадувате навечер и како да престанете? Чувствувате ли навечер глад, па јадете сѐ што ќе ви се најде при рака? Ноќното ј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg