Знаци кои покажуваат дека не пиете доволно вода

Колку е важна водата за телото можете да заклучите од фактот што човечкото тело во зависност од карактеристики како полот, возраста, тежината содржи помеѓу 60 и 70% вода.

znaci-koi-pokazuvaat-deka-ne-piete-dovolno-voda-01.jpg

Водата е важен сегмент од голем број на процеси кои се одвиваат во телото и токму заради тоа ако не внесувате доволна количина на вода, може да предизвика голем број на проблеми.

Честата појава на замор, сувата кожа, болките во зглобовите се само неколку од знаците преку кои вашето тело ви покажува дека количината на вода која секојдневно ја внесувате не е доволна за истото да функционира нормално.

Голем број истражувања покажуваат дека навиката за пиење вода веднаш штом се разбудите може да ви помогне многу во одржувањето на витката линија и подобрувањето на здравјето.

Според тврдењата на научниците за секои 25 килограми телесна тежина потребно е да испиете еден литар вода, што би значело дека доколку имате 50 килограми потребно е да испиете 2 литри вода, од 50 до 75 килограми меѓу 2 - 3 литри вода...

Уште една важна работа која научниците ја истакнуваат е дека внесувањето на вода не може да се замени со внесувањето на сокови, дури и соковите да се 100% природни.

Ова се 6 знаци со кои телото ви покажува дека не внесувате доволно вода:

1. Сува уста

Недостатокот од вода може лесно да го забележите по сувата уста. Непријатното чувство кое ви се појавува во устата е знак дека подолго време устата ви е сува.

Испиената вода функционира како навлажнувач за мускулните мембрани во устата и грлото кои понатаму учествуваат во создавањето на плунка што ја одржува вашата уста влажна долго после пиењето вода.


2. Сува кожа

Кожата е најголемиот орган на вашето тело, па затоа и има најголема потреба од хидратација. Всушност сувата кожа е еден од првите знаци на целосна дехидрација на телото, што понатаму може да доведе до сериозни проблеми.

Недостатокот од вода значи недостаток од пот, што значи неможност на телото да ги исфрли нечистотиите и маснотиите наталожени во текот на денот.


3. Болки во зглобовите

Нашата ’рскавица и ’рбетните прешлени се составени од околу 80% вода. Внесувањето вода е неопходно доколку сакаме да спречиме коските да се тријат една со друга при секој наш чекор.

Внесувајќи доволна количина вода им овозможувате на вашите зглобови да го апсорбираат шокот од ненадејните движења како трчање, скокање или незгодно паѓање.


4. Потребно ви е подолго време да се се опоравите од обична настинка

Пиењето вода ви помага да ги исфрлите насобраните токсини од вашето тело. Органите во телото функционираат како машина која работејќи создава отпадни материи кои не му се потребни на телото.

Доколку не ставите гориво во машината таа нема да работи. Исто е и со телото, доколку не внесете доволно вода органите започнуваат да ја користат водата која се наоѓа во области како крвта, што понатаму води кон дополнителни проблеми.


5. Брзо се заморувате

Како што органите започнуваат да ја користат водата од крвта во телото се појавува недостаток од хидрирана крв, што води до недостаток од кислород низ вашето тело. А, недостатокот од кислород се манифестира со замореност, поспаност, неактивност...

Желбата за сон и одмор ќе започнете да ја чувствувате се почесто... и не посегнувајте по кафе, тоа воопшто нема да ви ги реши проблемите на подолг рок.


6. Проблеми со варењето на храната

Како што претходно споменавме, водата е важна за навлажнување на мускулните мембрани и нивно правилно функционирање.

Истото важи и за целиот дигестивен систем. Без соодветна хидратација, количината и силата на мукозата во стомакот се намалува, дозволувајќи и на стомачната киселина да предизвика штети на вашите внатрешни органи.

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Влакна на грбот кај жени: Зошто се јавуваат и како е најдобро да ги отстраните? Многу жени се соочуваат со несакани влакна на делови од телото како лице, стомак...
Зошто докторите најчесто препорачуваат терапии со инхалација + корисни работи што треба да ги знаете Во минатото, за инхалирање се користеше тенџере со топла вода, а понекогаш внатр...
Што се матични клетки, зошто се важни и во кои делови од телото се наоѓаат? Матичните клетки се уникатни бидејќи имаат способност да се трансформираат во др...
Како да препознаете пајак „црна вдовица“ и кои се првите симптоми откако ќе ве касне? Европската црна вдовица по изгледот се разликува од американската … Најчесто сим...
Вие прашувате, психолог одговара: „Немам желба да правам ништо, дали страдам од депресија?“ На прашањата од нашите читатели одговара лиценциран психолог/терапевт. На пра...
4-те најчести митови за менопауза во кои не треба да верувате Дебелеењето е неизбежно и менопаузата значи дека сте стари – во кои митови за ме...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg