9 причини зошто почесто треба да јадете риба
Нутриционистите консумирањето на риба го препорачуваат редовно и нагласуваат колку е здрава, но и покрај тоа се чини дека рибата не е на менито кај многу семејства.
Издвојуваме 9 причини зошто да јадете риба почесто:
1. Рибата има голема хранлива вредност, се препорачува за сите возрасти и подеднакво е корисна за здрави и болни. Широкиот спектар на видови риби го условува и различниот начин на припрема на риба.
2. Рибата има ниска калориска вредност во однос на другите видови месо. Калориската вредност и варира од 70-200 калории на 100 грама, затоа е идеална и за исхрана кај оние кои имаат проблем со вишокот килограми.
3. Протеините во рибата ги содржат сите есенцијални амино киселини кои се неопходни за раст и развој и правилно функционирање на човековиот организам.
4. Вид на масна киселина која се наоѓа во сината риба го штити срцето и артериите. За разлика од другите видови месо, рибата содржи полинезаситени масни киселини како што се омега 6 и омега 3 масна киселина. Консумирањето риба го зголемува добриот холестерол, а го намалува лошиот холестерол и триглицеридите.
5. Различните хранливи материи кои се наоѓаат во рибата помагаат во заштитата на зглобовите и коските. Јадењето на ситни риби со коска е добар извор на калциум.
6. Во рибата се наоѓаат сите хранливи материи кои влијаат на процесот на раст и развој како што се протеини, омега 3 масни киселини, калциум, цинк, јод, витамини од A,B, D и E групата.
7. Рибата е лесна за варење. Ова е резултат на нејзината структура на мускулни влакна и мало количество колаген. Како таква е идеална во исхраната за болни од гастритис, улцерозен колит, диспепсија или гастроезофгален рефлукс.
8. Истражувањата покажале ако барем еднаш неделно јадеме риба ни помага да ја зачуваме сивата материја во мозокот, која е задолжена за меморија и когнитивните процеси, а тоа ја намалува можноста од добивање на Алцхајмерова болест.
9. Честото консумирање на риба несомнено го продолжува животот и го подобрува неговиот квалитет.
Н. Т. | Црнобело